Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Белгија го вклучи алармот против „руското мешање“

Сподели

Брисел, 13 април 2024 (МИА) – На помалку од два месеци пред европските, но и федералните и регионалните избори, Белгија го вклучи алармот за присуство на проруските мрежи на нејзина територија за кои се тврди дека се обидуваат да влијаат врз изборниот процес во земјата, започнувајќи истрага за обиди за руско мешање и влијание.

Белгија беше спомената меѓу групата земји во кои „симпатични политичари“ добивале средства од Русија со цел во јавноста да даваат афирмативни изјави и коментари за Москва. Според чешкиот медиум „Деник Н“, веб порталот „Гласот на Европа“, регистриран во Прага и финансиран од Москва за ширење пропаганда, им исплаќал пари на 16 белгиски, германски, полски, унгарски, француски и холандски политичари со цел да се обезбеди во Европскиот парламент да има што поголем број проруски пратеници.

Меѓу политичарите кои примале пари од Русија, „Деник Н“, но и германскиот магазин „Шпигел“ ги посочија кандидатите за европратеници на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), Петер Бристон и Максимилијан Крах, но тие ги негираа ваквите тврдења.

- Advertisement -

Имињата на останатите осомничени не се споменуваат, но се претпоставува дека станува збор за политичари од редовите на екстремно десничарски партии, кои во принцип важат за симпатизери на Русија. Дополнително во сите споменати земји има влијателни екстремно десничарски партии, кои се очекува да освојат неколку десетици мандати во Европарламентот.

Случајот го потврди и самиот белгиски премиер Александер де Кро, нагласувајќи дека во интерес на постапката не може да соопшти детали за случајот, како и за тоа колку „европратеници се под истрага“.

– Според нашите разузнавачки служби, целите на Москва се јасни. Сака да помогне да бидат избрани што повеќе проруски кандидати во Европскиот парламент и да се зајакне прорускиот наратив во таа институција, изјави Де Кро.

Белгискиот премиер додаде дека истрагата утврдила оти Москва „им пристапила“ на членови на Европскиот парламент и им плаќала да ја промовираат руската агенда во ЕУ.

– Не можеме да дозволиме ваков тип на руска закана во нашето опкружување, рече Де Кро, додавајќи дека Белгија како земја во која се наоѓаат седиштата на институциите на ЕУ, има одговорност да обезбеди слободно и безбедно гласање на европските избори.

Според Де Кро, исплатите не европските политичари во кеш не се вршеле во Белгија, но мешањето било на нејзина територија, па кривичниот прогон ќе биде предмет на белгиските правосудни органи.

– Сепак, треба да дејствуваме на ниво на ЕУ. Ни требаат повеќе алатки за борба против руската пропаганда и дезинформации, заклучи Де Кро, чија земја е актуелен претседавач со Унијата.

Шефицата на белгиската дипломатија Хаџа Лабиб најави дека прашањето за обидите за руско мешање, Белгија ќе го покрене на Самитот на ЕУ закажан за следната недела. Таа информира и дека Белгија неодамна протерала „голем број дипломати“ осомничени за шпионажа, меѓу кои имало и дипломатски претставници акредитирани во ЕУ.

Од Европскиот парламент потврдија дека многу внимателно се следат ваквите обвинувања, потсетувајќи дека и претходно посочувале на обиди на „злонамерни актери да влијаат на процесот на одлучување во ЕУ во пресрет на јунските избори“.

– Заканата од плански кампањи на лажни вести, пропаганда и дезинформации е многу реална. Сите институции и земји членки ќе продолжат да работат заедно за да се спротивстават на заканата, посочи ЕП.

Ова е нов скандал во Европарламентот по аферата „Катаргејт“ од пред една година, во чии рамки неколкумина актуелни и поранешни европратеници беа обвинети за примање мито, со цел да ги промовираат интересите на Катар и Мароко. Двете држави ги отфрлија ваквите обвинувањата, но против посочените пратеници беше покрената истрага.

По ова Европарламентот ги заостри своите строги правила за независност и етичност на европратениците, кои може да се соочат со казни, вклучително и финансиски, во случај на нивно прекршување. Така, минатата недела летонската европратеничка Татјана Жданок беше казнета со 1.750 евра, откако во неколку медиуми беа изнесени информации дека добивала средства за ширење на руското влијание и дека „работела како шпион“.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонска музика
Македонски песни
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Венецуелските власти со рестрикции за движење на дипломати од француската, италијанската и холандската амбасада

Киев реагира на молкот за војната во декларацијата на ШОС

Италија презема строги мерки против фрлањето ѓубре на јавни места

Арктички предизвици: ЕУ ја зацртува својата стратегија

Трамп со нетрпение очекува средба со првиот американски папа

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

По терористичкиот напад во Москва, најмалку 16 илјади луѓе се пријавиле за служење војска

Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради царините на Канада за електрични возила

Свет

Најмалку 44 загинати и над 160 повредени при уривање на покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република

Орбан: ЕУ мора да се промени, целта на унгарското претседателство е да биде гласот на промените

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?