Поради уличен водоводен дефект, дел од жителите на населбата Новоселски Пат во Скопје утрово останаа без водоснабдување.
Од надлежните служби информираат дека дефектот е на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на ул. „Бертранд Расел“ бр. 38.
Прекинот на водоснабдувањето започнал утринава во 05:00 часот, а без вода ќе бидат дел од корисниците во населбата Новоселски Пат, сè до целосно санирање на дефектот.
Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот, по што водоснабдувањето ќе биде нормализирано.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


