Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Библиотека

Благоја е фатен и ликвидиран

Сподели

„Кон средината на месец јануари 1943 година разбрав дека син ми, Благоја Давков, партизан од 1941 година, паднал во рацете на фашистичкиот ѕвер,“ сведочи Родна Давкова. „Бидејќи синот ми беше осуден во отсуство од фашистичкиот воен суд на смрт, кога разбрав дека е фатен, се обидов — како мајка која долго време не го видела и за кого знаев дека сигурно ќе биде обесен — да побарам за последен пат да го видам.

Не знаев точно каде се наоѓа. Избезумена трчав од полицијата до затворот, од затворот назад во полицијата, но секаде ми велеа дека такво лице нема кај нив. Некои познати ме посоветуваа да одам кај помошникот на обласниот директор, Тома Петров. Го најдов дома, токму на ручек. Ме праша што барам, а јас му реков дека имам дете што со години не сум го видела, а сега дознав дека е во полицијата, па ако може да ми помогне. Тој дрско ми одговори:

„Госпоѓо, ако е фатен како комунист, и господ да слезе да моли — нема да му помогне. Ако е фатен пак за нешто друго, ќе гледам ако може нешто да се направи.“

- Advertisement -

И повеќе не сакаше да зборува со мене.

Потоа отидов во канцеларијата на обласниот директор, Димитар Раев, и го замолив да ми каже дали син ми е жив или мртов. Тој ми одговори:

„Госпоѓо, сè ќе ви кажам за Благој: тој е фатен и е ликвидиран!“

Тој тоа го рече со насмевка на лицето. Кога ги чув неговите зборови, колениците ми се потсекоа и почнав да плачам. Во неговиот кабинет беше и скопскиот кмет Спиро Китинчев, испружен во една од фотелјите. Кога виде дека плачам, ми дофрли:

„Не плачете, госпоѓо. За таков бунтовник и разбојник не може да има милост — што барал, тоа и нашол!“

Јас се обидов да му се спротивставам:

„Господин Китинчев,“ реков, „немојте така да зборувате…“

Но тој категорично продолжи:

„Немој да го жалиш. Тој беше будала што излезе во партизани. Не беше корисен ни за државата, ни за вас, зашто тргна да се бори против бугарското царство!“

Во разговорот повторно се вмеша Раев:

„Ако имаш други деца, советувај ги да не бидат како брат им и да не тргнат по неговиот пат!“

На крајот го замолив Раев барем да ми каже каде е закопан син ми, за да му го знам гробот. Тој грубо ме одби:

„Впрочем, што ќе ви е гробот! Таков разбојник не заслужува никакви адети. Требаше да го оставиме на кучињата да го раскинат!“

Повеќе не можев да го издржам тоа и, сета во солзи, ја напуштив канцеларијата.“

Мајката на Благој Давков се свртува кон судиите:

„Другари судии, и денес не знам каде е гробот на мојот син! Од името на многу мајки завиени во црно, кои до ден денешен не знаат каде се гробовите на нивните синови и ќерки, го молам народниот суд на сите овие овде да им пресуди заслужена казна, зашто сите тие на овој или оној начин издавале наредби за убиства и мачења!“

Извадок од „Судењата како последен пораз“ од Јован Павловски, Центар за информирање и издавачка дејност „Полог“ – Тетово, 1966 година.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Потребата од тишина

Каде е гробот на Страшо?

„Ние сме безбројни“ – Ацо Караманов

Какво семејство сакаме?

„Македонија“ – Анте Поповски

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Библиотека

Синови и наемници

Библиотека

Рибата е црвена

Библиотека

„Ѕвона“ – Матеја Матевски

Библиотека

Перушка Ефтимова Грујовска – жената од Лазарополе што ја отвори куќата за слободата

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?