Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Фудбал

Благоја Милевски: Мечот со Лихтенштајн е најважниот за нас

Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија на почетокот на септември ја очекуваат два натпревари, пријателски против Саудиска Арабија во Чешка, а потоа и квалификациски дуел за СП 2026 со Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Селекторот Благоја Милевски повика двајца дебитанти, Решат Рамадани од Шкендија и Елмин Растодер од Тун. Неколкумина играчи не се повикани поради проблеми со клубовите, а дел и од оние што се на списокот имаат слични ситуации.

„За жал, не можеме да сметаме на Агон Елези поради повреда на рамото. Овојпат не се повикани Ашковски, Манев и Бојан Димовски поради ситуацијата со нивните клубови. Се надевам дека ќе се стабилизираат и повторно ќе се вратат во националниот тим“, истакна Милевски, кој се осврна и на двајцата дебитанти.

„Што се однесува до нив, Решат Рамадани сам се наметна со своите игри за Шкендија во европските купови. Има квалитети и сметаме дека е потребен за тимот. Со Елмин Растодер се надеваме дека ќе добиеме квалитетен играч кој ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот. Тој игра одлично за Тун во швајцарското првенство“, додаде селекторот.

- Advertisement -

Првиот натпревар е пријателски, а потоа следи квалификацискиот дуел со Лихтенштајн.

„Мечот против Саудиска Арабија ќе го искористиме за да испробаме некои тактички замисли и да им дадеме шанса на повеќе фудбалери. Што се однесува до дуелот со Лихтенштајн, можеби тоа е најважниот меч за нас во овие квалификации. Максимално го респектираме противникот и мора да бидеме подготвени да го дадеме максимумот. Најважни ни се тие три бода, а потоа ќе размислуваме за следните предизвици што нè очекуваат во октомври“, изјави Милевски.

Извор/Фото:www.ffm.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Спортски типови
Предлог викенд типови.
Спорт
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Ајакс и Панатинаикос поставија рекорд во меѓународниот фудбал со 34 пенали

ФФМ со поддршка за клубовите: укината котизацијата за Втора МФЛ

Чурлинов нов фудбалер на полска Јагелонија

Арсенал на прагот на трансфер од 90 милиони евра! Кој е Варан Заир-Емери?

Соопштение во врска со ФК Шкупи

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Фудбал

Втора МФЛ: Тетекс славеше против Детонит. Прва победа за Брегалница

Фудбал

ФФМ: Целосно ќе го исчистиме ѓубрето во македонскиот фудбал

Фудбал

Шокантен потег на Слот: Навивачи во бес по исклучувањето на Киеза

Фудбал

Наградниот фонд во Лигата на шампионите се зголеми на 2,5 милијарди евра

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?