Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Култура и наука

„БОШ 2025“: Современата уметност ја окупираше Гевгелија

Сподели

На 29 и 30 август 2025 година, Гевгелија беше домаќин на 17. издание на „БОШ Фестивал“, кој и оваа година понуди јасна слика за тоа што значи културата да се доживее низ различни медиуми, во непосреден простор и надвор од институционалните граници. Организиран од ЗГ „Арт Еквилибриум“- Гевгелија, во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, Фестивалот се одржа на неколку градски локации, претворајќи ги во сцени за визуелна уметност, филм, музика и непосредна интеракција.

Првиот фестивалски ден започна во Уметничката галерија „Амам“ со отворањето на изложбата „ПоПуСто%“ од Марија С. Богдановска- серија цртежи и инсталација што ги испитуваат економските, социјалните и емоционалните нееднаквости на жените. Фокусот беше на структурните разлики кои влијаат врз женскиот општествен и културен статус.

Во Народниот театар- Гевгелија, публиката ја проследи изложбата на Столе Ангелов, фотограф кој претстави колекција на улични фотографии направени низ различни европски и балкански градови, а потоа следеше и видео-артот „На флипери“ на Јован Гаковски – аудиовизуелна композиција инспирирана од флипер културата и видео естетиката на 90-тите.

- Advertisement -

Следуваше блок од три филмски проекции- документарецот „Лука“ (продукција на ЗК „Транзен“), кој го следи животот на млади музичари од Струмица; краткиот филм „Blue Hour“ на Ана Јакимска, интимна приказна за генерацискиот јаз помеѓу мајка и ќерка и „Само ѓаволот мрази вода“ од Лидија Мојсоска, во кој фантастичното и реалното се испреплетуваат низ приказна за детско пријателство ставено на тест. Денот заврши со диџеј сетот на Мартчин во кафе-барот „У“, каде вечерната енергија доби поопуштен, но и подлабоко урбан контекст.

На 30 август, Стариот градски пазар беше централна локација за втората фестивалска вечер, каде публиката имаше можност да проследи нови експериментални форми. Филмот „Мангава диско панк“, премиерно прикажан, ги спои фикцијата и реалноста во приказна за единствениот панк-бенд од ромското гето во Шуто Оризари.

Потоа беше прикажан експерименталниот видео-албум „The Hip- Reality Overdrive“, визуелен проект инспириран од музиката на The Hip, што преку литература, сликарство и филм создава синестетско искуство на самоанализа и културна асоцијација.

Визуелната програма продолжи со инсталацијата „Колатерална штета“ на Ице Капсаров, дело што го третира односот меѓу убавината и насилството, како и со учеството на публиката во колаж-акцијата „Ненаситни“ на Јана Деловска и Дамјан Илиќ, која повикуваше на колективно сечење, реобмислување и препишување на визуелната пропаганда.

Музичката завршница донесе два концептуално различни, но енергетски комплементарни настапи: рок-триото „Харикири“, и „Пијан славеј“, музичко-поетски проект на Бранислав Николов од Фолтин, во соработка со Пеце Трајковски – Брада, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски. Настап кој го редефинираше вкусот за современа македонска шансона.

Фестивалската публика беше разновидна- од долгогодишни следбеници на независната културна сцена, до млади посетители кои првпат се среќаваат со ваков вид содржина. Атмосферата беше отворена, пријателска и интерактивна, што придонесе не само за пасивно следење, туку и за активно учество. Во текот на двата дена, радио Канал 103 емитуваше специјална викенд радио-репортажа посветена на Фестивалот, што дополнително ја прошири публиката и контекстот на Фестивалот.

Со своето седумнаесетто издание, „БОШ Фестивал“, кој се одржува во чест на гевгеличанецот Бошко Бозаџиев- актер, културен работник, поет и хроничар од Гевгелија, уште еднаш потврди дека постои стабилна основа за културен раст и развој надвор од централните градови. Годинава, во рамки на „Гевгелија град на културата 2025“, Фестивалот прерасна во важна точка на современиот културен дијалог, овозможувајќи и на локалната и на регионалната сцена простор за презентација, експериментирање и размена.

Извор:gevgelija.gov.mk

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за овулација
Калкулатор за овулација
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Промоција на две книги и дискусија со Гералд Рауниг

Меѓународен фестивал за хумор, сатира и карикатура ,,Пијанец 2024″ вечерва во Делчево

Промоција на стихозбирката „Како настанува црната“ од српската поетеса Марија Костиќ

Словото како отпор и надеж: Достапна на јавноста поетската збирка „Сонување (Метармофози)“ од Жаклина Атанасова

Револуција во медицината: Вештачката интелигенција откри нови антибиотски соединенија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Култура и наука

Денес е Светски ден на учителот – Дали оваа професија е доволно вреднувана кај нас?

Култура и наука

Промоција на книгата „Насекаде“ од епископ Дремвитски Давид

Култура и наука

Концерт на КУД „Света Марина“ од Воден

Култура и наука

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?