Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Култура и наука

Промоција на стихозбирката „Како настанува црната“ од српската поетеса Марија Костиќ

20.03.2024 07:27
Сподели

Скопје, 20 март 2024 (МИА) – Стихозбирката „Како настанува црната“ од Марија Костиќ (Србија), препеана од српски на македонски од Јулијана Величковска, издание на „ПНВ Публикации“, ќе биде промовирана вечер, со почеток во 20:00 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје.

Книгата низ разговор со авторката ќе ја претстави Јулијана Величковска.

-Постои фундаментално недоразбирање меѓу субјектот на стихозбирката „Како настанува црната“ и остатокот од светот: затоа таа забележува дека човекот е најосаменото место на планетата. Нејзината егзистенцијална ранливост и хиперсензитивност се поврзани со (авто)деструктивното, темното и мистичното во кои се рефлектираат убавината и неизбежноста на процепите, грешките и несовршеностите. Семејните односи заземаат централно место во тематскиот опсег на оваа книга. Лирската хероина, во истовреме и дете и родител, ги реактивира најразновидните сеќавања за нејзината мајка, татко, баба, дедо и сестра, разобличувајќи го прашањето за самореализацијата, но и за творечкиот чин. Нејзината инспирација од телото и телесното се отсликува во бројни метафори преку кои предизвикува различни состојби и чувства, особено во песните, коишто, по својата форма, влегуваат во дијалог со неоавангардната поезија. Телото во оваа книга е тело што страда, што е болно и што е поврзано со кошмари, со смрт и во болничко опкружување, но исто така, тоа е тело што копнее по блискост, уживање и страст. Затоа таа остава црни траги на белата хартија и покрај целата палета бои во кои си ги пика прстите; тие прсти се прстите што пишуваат, а рацете се рацете што земаат, што даваат, што се подаваат, и за кои се држиме, пишува Катарина Пантовиќ за книгата.

Банер

Марија Костиќ (1985, Белград) е дипломиран филозоф и магистер по политика и менаџмент во културата и уметноста. Нејзини песни се објавени во книжевната периодика, а во 2022 година ја објавила и нејзината прва стихозбирка „Како настанува црната“ (Књижевна радионица Рашиќ, Белград) за која има добиено значајни книжевни критики, а од книжевните критичари беше номинирана и за наградата „Меша Селимовиќ“, што секоја година ја доделува српскиот весник „Вечерње новости“. Нејзини песни се преведени на македонски и на француски јазик. 

Од Даниела Маркоска-Алексовска Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за недостаток на сон
Пресметајте за тоа колку сон ви недостасува.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Објавена програмата на 44 издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Револуција во медицината: Како CRISPR технологијата ги менува правилата на играта

Животот на Земјата можеби се создал 1,5 милијарди години порано отколку што се мисли

Промоција на книгата „Има ли и страна петта?“ на Васил Мукаетов во „Литература.мк“ во Сити мол

“Куманово 2025”– меѓународна ликовна колонија

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Култура и наука

Почнува 63. издание на Струшките вечери на поезијата

Култура и наука

Познатата француска телевизија TV Arte му оддава почит на Луан Старова

Култура и наука

Четврта Малореканска научна конференција

Култура и наука

Денес е Светски ден на учителот – Дали оваа професија е доволно вреднувана кај нас?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?