Десетгодишната Илина Мицевски од Делчево, изработувајќи восочни и гипсени предмети ги продаваше на новогодишниот базар во градскиот парк во Делчево, а парите од продажбата ги донираше за лекување на нејзиниот сограѓанин Марјан Димитровски кој боледува од карцином на црн дроб и за кој цело Делчево се сплоти за да помодне во лекувањето. Имено, Илина заедно со нејзината мајка парите собрани од целокупната вчерашна продажба ги донираа за хуманитарни цели.

“Денес сакаме да ја покажеме нашата хуманост, а воедно да ја научам мојата ќерка Илина уште од мала како да помага на оние на кои им е најпотребно, се надевам дека нашето малку, нему ќе му значи многу” – напиша нејзината мајка Радмила на нејзиниот профил на социјалните мрежи.
Едно големо БРАВО за хуманоста и несебичноста на овие млади дами, убав пример за тоа како треба да ги учиме децата уште од мали нозе на вистински вредности. На нивниот сограѓанин Мац Димитровски му посакуваме поскоро оздравување.

