Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Локално

Карпош инвестира во дигитална иднина: 10 основни училишта добиваат ИТ училници со нова компјутерска опрема

05.06.2025 09:45
Сподели

Во рамки на ООУ „Братство“ денеска беше пуштена во употреба првата ИТ – училница, која е опремена со 28 нови комјутерски конфигурации. Инаку, со помош на локалната самоуправа ќе бидат отворени вакви специјализирани кабинети и во останатите основни училишта на територија на Карпош. Училниците се наменети за потребите на основците, кои во рамки на образовната настава го изучуваат предметот Техничко образование и информатика.

За оваа намена, Општината преку Одделението за образование издвои од својот буџет финансиски средства во висина од 5.500.000 денари. Покрај информатичките кабинети, сите основни училишта во Карпош во своите училници располагаат со смарт – панели (смарт – табли), од каде наставата се одвива според високите едукативни стандарди. По тој повод денеска, градоначалникот Стевчо Јакимовски направи обиколка на ООУ „Братство“, од каде присуствуваше на училишниот час на кој наставата се одвива со помош на новите електронска опрема.

„Во сите основни училишта на територија на општина Карпош, обезведивме по една компјутерска сала, значи по 30 компјутери за учениците каде се одвива наставата од 6-то до 9-то одделение. Во исто време, секаде да има и смарт панел, на најсовремен можен начин да се одвива наставата по компјутерско образование. За ова издвоивме 5,5 милиони денари за во сите десет училишта да имаме по една компјутерска сала. Набавивме вкупно 254 компјутери и по еден смарт панел за секоја компјутерска сала. Тоа значи дека од септември, сите ученици од Карпош ќе ја започнат новата учебна година со комплетно нова опрема и нов начин на водење на наставата“ – истакна Јакимовски.

Банер Банер BrandEcho

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни линкови
Поважни линкови од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Пуштени во употреба нови спортски трибини на стадионот во Крива Паланка

Плоштадот „Делфина“ блеска по ново: Генерална акција за чистење и уредување

Се возобнови прилепскиот дувачки оркестар

18 септември: Гостување на македонската филхармонија со концертот „Бајка“

30 oктомври: Промоција на книга „Поменик со личните имиња на населението од Смоквица“ на Киро Ристов

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Герасимовски на прес-конференција ја презентираше новата механизација за чистење на Центар

Локално

Без вода корисниците на улица „Ловќенска“ 33

Локално

Годишнина од раѓањето и смртта на Рајко Жинзифов

Локално

Стартуваше кампањата „Се бориме за почист дом: Делчево со нула толеранција за отпад“.

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?