Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Брисел предложи да преземе нов долг до 150 милијарди евра за да го засили превооружувањето на Европа

05.03.2025 08:44
Сподели

Брисел, 4 март 2025 (МИА) – Европската комисија предложи преземање нов долг до 150 милијарди евра, кои ќе бидат обезбедени на владите на ЕУ во форма на заеми според новиот план за превооружување, поттикнат од руската војна во Украина и стравувањата дека Европа повеќе не може да биде сигурна дека ќе биде заштитена од САД.

Предлогот дојде еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп ја запре воената помош за Украина, нагласувајќи ја се поголемата поделба меѓу европските лидери и Вашингтон во однос на безбедноста на континентот и начините за справување со Русија.

„Живееме во најсудбоносните и опасни времиња. Се наоѓаме во ера на повторно вооружување. И Европа е подготвена значително да ги зголеми трошоците за одбраната“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Банер Банер BrandEcho

Таа го претстави обезбедувањето заеми до 150 милијарди евра за приоритети како противвоздушна одбрана, ракети и беспилотни летала. Тоа е дел од пакетот предлози за кои таа вели дека би можеле да мобилизираат до 800 милијарди евра за европска одбрана.

Лидерите на ЕУ ќе одржат првични дискусии за предлозите на 6 март на специјален самит посветен на европската одбрана и Украина.

Ad image

Некои од плановите ќе бараат одобрение од владите на ЕУ.

Трамп ги обвини европските земји дека не трошат доволно за сопствената одбрана и наместо тоа се потпираат на заштитата на САД преку НАТО. Европските лидери настојуваат дека моментално брзо ги зголемуваат своите воени трошоци.

Голем дел од пакетот на Комисијата се фокусира на охрабрување на земјите од ЕУ да трошат повеќе за одбраната и за пренамена на постоечките фондови на ЕУ, наместо да обезбедуваат нови средства.

Во пакетот не е вклучен предлогот за преземање заеднички европски долг и неповратно финансирање проекти во областа на одбраната, за кое се залагаа балтичките земји и Франција. Овој предлог наиде на отпор од Германија и Холандија.

Како дел од планот, Европската инвестициска банка соопшти дека ќе ги укине ограничувањата за финансирање одбранбени проекти и ќе го прошири опсегот на одобрените проекти, и покрај тоа што ќе остане забраната за финансирање на купување оружје и муниција.

Комисијата предложи трошоците за одбрана да бидат исклучени од ограничувањата наметнати со правилата на ЕУ за јавниот долг.

Од Рената Пепељугоска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулаторот за БМИ
Калкулаторот за БМИ (телесна маса)
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Зеленски скептичен за преговори со Русија

Киев: Подготвени сме да потпишеме договор за минерали, чекаме одлука од САД

Масовни протести на наставниците во Романија поради образовните реформи

Нетанјаху: Обезбедуваме враќање на посмртните останки на сите киднапирани

Унгарија одбива да прифати мигранти: Конфликтот со Европската унија продолжува

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Скандал во норвешката кралска фамилија: Синот на принцезата обвинет за сериозни злосторства

Свет

Трагедија на Хималаите: Тројца загинати, осум исчезнати во лавина

Свет

Панама се повлекува од „Еден појас, еден пат“, Кина изрази жалење

Путин: Курск е целосно ослободен

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?