Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Панама се повлекува од „Еден појас, еден пат“, Кина изрази жалење

08.02.2025 02:28
Сподели

Панама Сити, 7 февруари 2025 (МИА) – Официјален Пекинг денеска изрази „длабоко жалење“ поради одлуката на Панама да се повлече од кинеската инфраструктурна иницијатива „Еден појас, еден пат“. Овој потег следуваше само неколку дена по посетата на американскиот државен секретар Марко Рубио на оваа централноамериканска држава.

„Еден појас, еден пат“ е централна стратегија на Кина за проширување на своето глобално економско и инфраструктурно влијание. Преку овој проект, во кој се вклучени над 100 држави, се инвестира во изградба на патна, железничка и поморска инфраструктура, главно во земјите во развој, со цел да се обезбеди стабилен транспорт на кинески стоки.

Панамскиот претседател Хосе Раул Мулино вчера официјално ја потврди одлуката за повлекување на неговата земја од проектот, неколку дена по средбата со Марко Рубио, чија цел беше да го ограничи кинеското влијание врз Панамскиот канал.

Ad image

– Кина силно се спротивставува на притисокот и присилата од страна на САД, кои имаат за цел да го нарушат и поткопаат соработувањето во рамки на овој проект, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џианг.

Банер Банер BrandEcho

– Длабоко жалиме што Панама одлучи да не го обнови меморандумот за соработка со Кина, додаде тој на прес-конференција.

Претседателот Мулино изјави дека панамската амбасада во Пекинг веќе поднела официјално известување за повлекување од иницијативата, кое стапува во сила за 90 дена.

Според договорот, меморандумот за соработка се обновува автоматски на секои три години, но секоја од страните може да го раскине со три месеци предизвестување.

Марко Рубио ја поздрави одлуката на Панама, нарекувајќи ја „голем чекор“ во јакнењето на односите со Вашингтон.

– Се надеваме дека Панама, земајќи ја предвид целокупната ситуација и долгорочните интереси, ќе ја исклучи надворешната интервенција и ќе донесе исправна одлука, изјави Лин Џианг.

Претседателот Мулино посочи дека не му е јасно што го мотивирало неговиот претходник, Хуан Карлос Варела, да го потпише договорот со Кина во 2017 година, изразувајќи сомнеж за неговата корист за Панама.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Македонски филмови
Гледајте македонски филмови на едно место.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо

Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281

Преселбата на штркови создава проблеми на Аеродромот во Истанбул

Епстејнските документи: Како жртвите беа изложени, а моќниците заштитени

Аргентина на колена: 63,000 работни места во јавниот сектор изгубени за две години

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

БиХ забрани увоз на говедско месо од Јужна Америка

Свет

Дописниците на Ал Џезира и јапонскиот весник Асахи Шимбун убиени во Појасот Газа

Свет

Турција го блокира пристапот до дигиталната платформа Roblox

Свет

Папата Лав XIV: Време е за мир, а не за војни конфликти

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?