Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Религија

Честитка од архиепископот Стефан до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил

Сподели

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) – Архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан упати честитка до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил.

-Ваша Светост, Дозволете Ни од Свое и од името на архијереите, чесното свештенство, преподобното монаштво и верниот народ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, да ја изразиме радоста и срдечно да Ви го честитаме изборот за Претстојател на Бугарската Православна Црква. Вашата богољубива и стамена личност беше препознаена од Светиот Дух, како и од членовите на Патријаршискиот изборен црковен Собор, кои во Вас видоа достоен наследник на Вашите претходници на светоимената Софиска катедра, се наведува во честитката.

Архиепископот Стефан му посака на патријархот Даниил мирно и плодородно првојерархиско служење.

- Advertisement -

-Бугарската Црква и бугарскиот народ со Вашиот избор добија богољубив, правдољубив и ревносен Архипастир исполнет со ревност кон Божјото слово, грижлив Патријарх кој внимава на чистотата на православната вера, но и смирен молитвеник за богомдоверената му паства, вдахновуван од евангелските зборови: Јас сум добриот Пастир. Добриот Пастир си ја полага душата своја за овците. Семилостивиот Бог нека Ви дарува  и нека го умножи и преумножи Вашето духовно стадо. Ваш собрат и сослужител пред престолот Божји, архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, стои во честитката до митрополитот Софиски и Патријарх Бугарски г.г. Даниил.

Патријаршискиот изборен црковен собор за избор на нов Бугарски патријарх се одржа изминатиот викенд на 30 јуни, во Академската сала на Бугарската академија на науките во Софија. Кандидати за Патријаршискиот престол беа митрополитот Ловчански г. Гаврил, митрополитот Видински Даниил и митрополитот Врачански Григориј. Изборот се случи во вториот круг помеѓу митрополитите Григориј и Даниил, при што за митрополит Софиски и Патријарх Бугарски беше избран Видинскиот митрополитот Даниил со 69 гласови, додека Врачанскиот митрополит Григориј имаше 66 гласа. 

Од Виолета Геров Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за ризик од прегорување
Колку си под ризик од прегорување (burnout)?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Царкањас „Црквата по мојата смрт ќе ја дадам на МПЦ“

Денес православните верници го празнуваат Св. Архангел Михаил – заштитникот, војводата на небесните сили и еден од најчестите семејни празници

Покана за празникот Собор на Светиот Архангел Гавриил

Животот не е биолошка категорија, туку заедница со живиот Бог

Бигорскиот манастир го одбележа празникот Преображение Господово

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Религија

Осветен храм на Свети Софрониј Атонски во Англија

Религија

Денеска е Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Религија

Денеска е Свети Никола – најпразнуваната домашна слава во Македонија

Религија

Трет ден Света Пасха во Рајчица – радоста на новото творение

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?