Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Религија

Денес православните верници го празнуваат Св. Архангел Михаил – заштитникот, војводата на небесните сили и еден од најчестите семејни празници

21.11.2025 06:43
Сподели

Православните христијани денес, 21 ноември, го одбележуваат празникот Свети Архангел Михаил – еден од најзначајните и најчесто славени празници во македонската традиција. Со овој ден именден го празнуваат сите што го носат името Михаил, Михаила, Миле, Милена, Ангел, Ангеле, Ангелина, Михо, Рајко, Рајна и уште многу други имиња поврзани со ангелската символика.

Според христијанското предание, Архангел Михаил е предводник на небесните сили, познат како заштитник, чувар и борец против злото. Црковните текстови наведуваат дека тој застанал на чело на добрите ангели во моментот кога Луцифер се спротивставил на Бога. Оттаму потекнува претставата за него како силен војвода со меч, која е најчесто присутна на иконите и фреските.

Во народната традиција, Архангел Михаил се смета за ангел кој ги води душите на луѓето до „оној свет“, но и како заштитник на болните. Постојат бројни преданија што зборуваат за чудесни исцелувања и помош во моменти на тешки болести. Една од познатите приказни е за момчето Василиј Карастирис, кое по тешка повреда било оперирано токму на 21 ноември – денот на Архангел Михаил – и по операцијата целосно оздравило, што верниците го поврзуваат со неговото заздравување.

Банер

Благодарение на ова силно духовно и народно значење, Св. Архангел Михаил е една од најраспространетите слави меѓу македонскиот народ. Во црквите денес има богослужби, а многу семејства го одбележуваат празникот дома, со традиционален обред, молитва и собирање со најблиските.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Бигорски: 10-те најзначајни настани со кои ја испраќаме 2024-та година

Соопштение и покана за Божикните празнувања

Храмот „Св. Петка” во Црниче прославува 100-годишен јубилеј

Денеска е Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Денес се празнува Св. Јован Крстител

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Религија

Испратени како јагниња меѓу волци – приказната за Седумдесетте Апостоли

Религија

Папа Франциск: Радувајте се и не губете надеж и покрај кризите

Религија

Покана за празникот Собор на Светиот Архангел Гавриил

РелигијаСвет

Католиците го слават Велигден

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?