Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: ЦУК: Девет активни пожари, 25 изгаснати
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » ЦУК: Девет активни пожари, 25 изгаснати
Македонија

ЦУК: Девет активни пожари, 25 изгаснати

08.08.2024
Share
SHARE

Скопје, 8 август 2024 (МИА) – Во последното деноноќие имало вкупно 40 пожари, од кои 25 се изгаснати, а шест се ставени под контрола. Активни се девет пожари, од кои два во општина Македонски Брод, кај селото Слатина и кај селата Тажево – Брезница и ЈП „Јасен“, во Демир Хисар, Чашка, Петровец, Студеничани, Кичево, Дебар и Охрид, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола се ставени пожарот во гевгелиското село Негорци, каде гореше нискостеблеста шума, прнар и борова шума, во Општина Кичево, кај селата Зајас и Бачишта, каде беше зафатена мешана шума и во Општина Кочани, кај месноста викана Панаѓур, кај одморалиштата на Пониква, каде гореше букова шума.

Под контрола е ставен и пожарот во Општина Македонски Брод, кај село Слатина,  во Општина Пласница, кај село Пласница пожарот е изгаснат, а во село Латово се уште чади. Под контрола е ставен и пожарот во депонијата во Делчево, каде гореше ѓубриште.

Ad image

ЦУК информира дека изгаснати се четири пожара во Општина Студеничани. Првиот кај месноста викана Дрешница над село Батинци, вториот кај селата Рамни Габер и Вртекица, третиот кај село Вражале и последниот кај село Долно Количани.

Четири пожари се изгаснати и на територија на Општина Гази Баба. Едниот кај ресторанот „Ла Тана“, два на улица „Перо Наков“, од кои едниот во близина на Кванташки пазар и во село Стајковци, кај фарма кон обиколницата, каде гори ниска вегетација.

Изгаснат е пожарот во Општина Илинден, кај село Ајватовци, во Општина Арачиново, кај село Арачиново, во Општина Чучер Сандево, кај селото Горно Блаце.

Изгаснати пожари има и на територија на општините Прилеп, кај село Лениште, во Општина Дојран и Богданци, кај село Фурка кон Богданци, кај село Неготино и кај гробиштата Млаки во Општина Гостивар, во Општина Берово, кај месноста викана Шушлевац, во Општина Брвеница, кај село Милетино.

Во Општина Радовиш изгаснат е пожарот кај селата Подареш и Јаргулица, во Општина Дебар, кај село Бањиште, во  Општина Куманово, кај селата Черкези и Романовце, во Општина Крива Паланка, кај Конопница. Три пожари се изгаснати во Општина Струга, кај селата Калишта, Враништа и Велешта и во Општина Делчево, кај село Полето.

Од Магдалена Ристоманов Извор МИА

You Might Also Like

Економијата е во слободен пад, СДСМ нуди излез со 7 економски мерки

Расчистено вчерашното Убиство во обид во скопско, одредена мерка притвор

Кога политичарите ја понесуваат моралната одговорност?

Кривична пријава против полициски службеници за злоупотреба на службената положба, фалсификување исправа и спречување на докажување

Намален бројот на ученици во основните училишта

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?