Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

ЦУК: Изминатото деноноќие 2 175 повици на бројот 112, еден пожар на отворено и пријавена мечка во двор на штала

Сподели

Скопје, 10 март 2024 (МИА) – Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 175 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од кои „реални“ биле 38,34 отсто, а 61,66 процент се однесувале на други потреби на граѓаните што не биле итни.

Од реалните повици, како што наведува ЦУК, кон полицијата биле упатени 71,86 отсто, кон итната медицинска помош 21,67, кон пожарникарите 4,18, а кон АМСМ 0,38 отсто.

Регионалниот ЦУК – Тетово известил дека на бројот 112 граѓанин од село Форино во Општина Гостивар, доцна попладне пријавил дека мечка му дошла на имотот кај шталата, како и дека се движела околу шталата во моментот на пријавување. Веднаш била известена Полициската станица – Гостивар чија екипа излегла на местото на настанот. Случајот бил внимателно истражен по што е известено дека животното нема направено штета во шталата и на оградата околу куќата, но видно забележани биле траги од мечката. Паралелно со известувањето за мечката во гостиварската полиција, Регионалниот ЦУК – Тетово ги известил Општина Гостивар и Инспекторат за животна средина за преземање натамошни мерки во нивна надлежност.

- Advertisement -

ЦУК воедно апелирал да се одржуваат и чистат локалните канали за одводнување и да не се фрлаат отпадоци во нив со оглед дека според најавите на УХМР, во наредниот неколкудневен период на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи.

-Во последното деноноќие имаше евидентирано само еден пожар на отворено. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје извести дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 17:20 до 18:05 часот, со три пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалена трска на површина од 2 000 m2 во атарот на село Кадино, Општина Илинден, наведува ЦУК.

ЦУК потсетува дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Од: Мирјана Чакарова Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за овулација
Калкулатор за овулација
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност

Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола

Веста објавена на одредени портали со наслов „Уште еден шофер на Брзата помош во Кочани доживеа удар“ е неточна

И во Штип првото бебе е женско!

Која е постапката за доброволно служење на воен рок во АРМ?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Трагична смрт на притвореник во затворот Шутка

МВР: Претреси во Тетово, пронајдена е дрога и приведени се две лица

Македонија

Ова е распоредот на гласачките ливчиња за локалните избори

Македонија

„Подај рака“ традиционална манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?