Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интервју

Давид Златанов: “Мојата визија за Ново Село е општина која ги комбинира економскиот развој и заштитата на природата”

Сподели

Интервју со Давид Златанов – активист и носител на советничка листа за Општина Ново Село.

1. На претстојните избори ќе настапите како носител на листа за членови на Советот на Ново Село – што е она што Ве мотивираше да настапите на овие избори?

ДЗ: Мојата главна мотивација е мојата љубов кон крајот и луѓето што живеат тука. Во изминатите години сум бил активен преку граѓански организации и иницијативи како „Ја Штитам Беласица“, каде што заедно со многу млади и активни граѓани се боревме за чиста животна средина, зачувување на културното наследство и здравата иднина на нашата општина. Сметам дека дојде време таа борба да се префрли и во институциите, зашто само така може да се обезбеди трајна промена и вистинска корист за граѓаните.

- Advertisement -

2. Веќе години наназад сте активист кој меѓудругото активно работи на заштита на природата. Дали сметате дека вашето влијание ќе биде поголемо како дел од Советот на Ново Село?

ДЗ: Да, апсолутно. Како активист можеш да алармираш, да протестираш, да подигаш свест и да создаваш притисок, но многу често институциите остануваат глуви. Како дел од Советот ќе можам да предложам конкретни мерки – од поставување на мерни станици за загадување на воздух, вода и почва, до систематски програми за управување со отпад и развој на еко-туризам. Моето влијание ќе биде институционализирано, со можност да се донесат одлуки кои имаат реален ефект и законска сила.

3. За жал и Општина Ново Село се соочува со големи проблеми во поглед на миграцијата и иселувањето. Што е она што сметате дека е клучно да се направи за задржување на младите во населените села во оваа општина?

ДЗ: Клучот е економски развој и создавање перспективи. Младите не си одат затоа што не го сакаат своето место, туку затоа што немаат можности и верба во системот. Си заминуваат поради корупцијата, поради лошото здравство, партизираното школство и чувството дека сè функционира за мал број привилегирани. Ние мора да стимулираме локално претприемништво, да поддржиме мали и средни бизниси, особено во земјоделството и туризмот, да развиеме спортска и културна инфраструктура. Верувам дека Ново Село има огромен потенцијал – од планината Беласица и културното наследство, до традицијата во земјоделството. Ако тоа го претвориме во економска можност и го исчистиме системот од корупција, младите ќе останат тука.

4. Што е она што сметате дека треба најитно да се направи за Ново Село?

ДЗ: Најитно мора да се справиме со проблемот со отпадот и загадувањето, бидејќи тоа е директна закана за здравјето на граѓаните. Во исто време, потребни се мерки за инфраструктура – подобри патишта, подобра улична осветленост, јавни простори за младите и за семејствата. Но, и најважно – мора да воведеме транспарентност и отчетност во работата на Општината, за да знае секој граѓанин каде и како се трошат неговите пари.

5. Која е Вашата визија за Ново Село?

ДЗ: Ја гледам нашата општина како зелено, чисто и развиено место, каде што секој жител ќе се гордее што живее тука. Ново Село треба да стане пример за тоа како може да се комбинираат економскиот развој и заштитата на природата, како може да се поттикне младината, да се зачува традицијата и истовремено да се создаде модерна и просперитетна општина. Моја визија е Ново Село да биде симбол на правда, транспарентност и развој – општина каде што луѓето нема да размислуваат да си заминат, туку ќе сакаат да останат и да градат иднина.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за електрична енергија
Пресметај колкав износ за електрична енергија ќе платиш според потрошувачка.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Мелов: Ќе се борам за фер откуп, чист воздух и иднина за младите во Кавадарци

Весна Поповска: Помалку изговори, повеќе резултати – време е Бутел да се исчисти и среди

Матеска: Младите мора да имаат перспектива дома – мојата мисија е Прилеп да стане град на можности

Интервју со Златко Тренчевски: „Ќе ставам мораториум на нови градби – време е за здрава и зелена Гази Баба“

Андов: Ќе работиме со чесност и одговорност – секоја одлука ќе биде во интерес на граѓаните

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Интервју

Маријана Деловска: Децата ќе учат во прва смена, со бесплатен превоз, кифла и јогуртче

Интервју

Од Tesla и SpaceX до Струга – Роберт Милески со визија за европска општина

ЗабаваИнтервју

Плетењето е антистрес и се препорачува против стареење – младата Сара од Делчево за нејзиното интересно хоби

Интервју

Александар Георгиевски: Да се обединиме околу она што е најважно – подобар живот за сите

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?