Поради дефект на водоводната мрежа, денеска без вода ќе останат дел од корисниците на улицата „Хо Ши Мин“ во општина Чаир, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Станува збор за дефект на огрлица на водоводна цевка кај број 292, поради што водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот.
Од претпријатието посочуваат дека прекинот ќе трае сè до целосно завршување на санацијата на дефектот.
Се апелира до жителите од овој дел на улицата навреме да обезбедат потребни количини вода за основните потреби.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


