Бесплатно летување во Охрид за најдобрите млади спортисти од Кисела Вода

Најуспешните млади спортисти од Општина Кисела Вода и оваа година ќе добијат бесплатно летување како награда за своите постигнувања, во рамки на Лигата на училиштен спорт.

Како дел од стратегијата за поддршка на спортот и здравите навики кај младите, победниците во кошарка, фудбал, одбојка и ракомет – во двете конкуренции – ќе имаат можност да летуваат во Извидничкиот центар во Охрид.

Станува збор за следниве основни училишта, прваци за учебната 2024/2025 година:

  • Одбојка: ООУ „Партенија Зографски“

  • Кошарка: ООУ „Кузман Ј. Питу“

  • ⚽ Фудбал: ООУ „Кирил Пејчиновиќ“

  • ‍♀️ Ракомет – жени: ООУ „Кузман Шапкарев“

  • ‍♂️ Ракомет – мажи: ООУ „Кирил Пејчиновиќ“

Од локалната самоуправа нагласуваат дека спортот не само што придонесува за физичкото и менталното здравје на децата, туку е и сила што ги обединува, гради дисциплина и тимски дух.

„Со обезбедување бесплатно летување, не само што ги наградуваме нивниот труд и посветеност, туку и дополнително ја поттикнуваме спортската култура во училиштата“, истакнуваат од Општина Кисела Вода.

Со вакви иницијативи, општината продолжува да инвестира во младите, препознавајќи ги спортот и здравите навики како столбови на развојот на идните генерации.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава