Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, дел од Делчево ќе остане без електрична енергија денеска, петок, 16 јануари 2026 година.
Според најавата, прекинот ќе трае во периодот од 11:00 до 14:00 часот и ќе ги опфати следните локации:
- Улица „Методија Митевски Брицо“
- Дел од булевар „Македонија“
- Објектите на Судот и Полицијата
- Дел од улица „Орце Николов“
- Социјалната зграда
Прекинот е најавен како планиран, а од надлежните служби апелираат граѓаните и институциите навремено да ги приспособат своите активности. Во случај на промени во распоредот, јавноста ќе биде дополнително информирана.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:

