Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Субвенции за полагање на возачка дозвола – Општина Карпош го објави повикот

03.02.2025 10:56
Сподели

Соопштение на Општина Карпош

Локалната самоуправа и оваа година распиша Јавен повик за субвенционирање на млади лица кои се жители на општина Карпош, за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола, Б категорија. Во таа насока, Комисијата за доделување на субвенции точно ги дефинираше критериумите, начинот и условите под кои заинтересираните странки можат да се пријават на Јавниот повик, односно да станат потенцијални корисници на горенаведените субвенции.

Оттука, секое лице кое ќе поднесе барање за субвенционирање за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола мора да е жител на општина Карпош, заедно со неговите родители, минимум 3 години до денот на поднесување на барањето. Притоа, според принципот „прв дојден – прв услужен“ ќе се субвенционираат млади лица кои се родени во 2007 година, односно кои во 2025 година ќе наполнат 18 години.

Банер Банер BrandEcho

Согласно утврдените правила, висината на субвенции е определена според следниве критериуми:

  • Двајца родители со вкупен приход до 80.000,00 денари, добиваат 100% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.
  • Двајца родители со вкупен приход од 80.001 до 100.000 денари, добиваат 75% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.
  • Двајца родители со вкупен приход од 100.001 до 120.000 денари, добиваат 50% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.
  • Двајца родители со вкупен приход од над 120.001 денари, добиваат 25% од износот кој се наплатува за посетување на обука за теоретски и практичен дел.

Локалната самоуправа напоменува дека во предвид ќе се земат само оние лица кои уплатиле за  посетување на обука за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола, по добиена Потврда од страна на Општина Карпош за исполнување на критериуми и само во оние авто школи кои имаат склучено Договор со Општина Карпош бр.11-140/8, произлезен од Јавен повик со Одлука бр.11-140/6 од 24.01.2025 година. Уплатата треба да биде според минимална цена за обука во Правилникот за минимална цена за оспособување на возачи во авто школа за следење на обуки од теоретскиот и практичниот дел на кандидатите за возачи за Б категорија, согласно минималните пресметани елементи на вредност.

Во претходниот Јавен повик беа избрани следниве авто школи:

  • Друштво за сообраќајна едукација АВТО ШКОЛА СМАРТ ДООЕЛ Скопје
  • Друштво за спроведување оспособување на кандидати за возачи АВТО ШКОЛА МОБИЛИТИ ПЛУС ДООЕЛ Скопје – АМСМ
  • Друштво за туризам, транспорт и услуги БОБИЕМ ДООЕЛ Скопје
  • Друштво за сообраќај, промет и обука на возачи СОФИ СКУЛ ДООЕЛ Скопје
  • Друштво за промет, услуги и сообраќајно воспитување ТРИМОСКИ ДООЕЛ Скопје

Во овој случај, ќе се субвенционираат само оние лица кои ги исполнуваат горенаведените критериуми и уплатиле во авто школите на денот или по денот на објавување на Јавниот повик.

Приложувањето на потребната документација ќе се одвива во две фази од кои во првата, странките ќе треба да достават Барање за издавање Потврда за исполнување на критериуми, (кое се подигнува во архива на ул. Радика бр.9 барака 2 или на веб страната на општината – по електронски пат), заедно со Изјава за согласност за обработка на лични податоци.

Покрај оваа документација, заинтересираните ќе треба да достават и копија од лична карта како доказ за жителство и година на раѓање, како и копија од лична карта на двајцата родители, како доказ дека тие живеат минимум 3 години во општина Карпош.

Во втората фаза од процесот на доставување на потребната документација, потенцијалните корисници на субвенции ќе треба да достават Барање за субвенционирање за поврат на одреден износ на уплатени средства од вкупниот износ за  обука за теоретска и практична обука (по добивање на потврда за исполнување на критериумите). Исто така, во втората фаза ќе треба да се достават следниве документи:

  • Потврда за исполнување на критериуми издадена од Општина
    Карпош,
  • Оригинална фискална сметка за извршена уплата за теоретска и практична обука во автошколата,
  • Потврда за остварени приходи добиена од работодавачот за последните три месеци. Потврдите треба да бидат со датум од месецот на поднесување на Барањето од двајцата родители
  • За невработени лица – Потврда од Агенција за вработување дека родителот е евидентиран како лице кое бара работа – активен барател на работа или листа од ПИОМ дека родителот е невработено лице. Потврдите треба да бидат со датум од месецот на поднесување на Барањето за исполнување на критериуми

и

  • Копија од трансакциска сметка.

 

Барањата со комплетна документација ќе се доставуваат до архивата на Општина Карпош (ул. Радика бр.9, барака 2). По поднесувањето на документите, подносителите ќе бидат известени во писмена форма.

 

Општината ги информира граѓаните дека Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените средства за оваа намена, а правото на субвенција е еднократно. За сите дополнителни информации, лицата можат да се обратат во Секторот за развој, на контакт телефоните кај овластените лица:

 

Никола Димовски 076/299-175 и Драгана Божиновска 070/410-627.

Прочитајте повеќе ТУКА.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Положено свежо цвеќе во чест на 81 година од бегството на политичките затвореници

„Тунел на традицијата“- мултимедијален перформанс што ја оживеа македонската културна и етнолошка оставнина

Денес без вода делови од општините Карпош и Сопиште

„Витезот Моливко и уште нешто повеќе“ повторно на сцена за Неделата на детето

Градоначалничката Нацева: Клучот за напредок е во меѓуопштинската соработка

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Поради нов водоводен приклучок дел од Општина Карпош денеска без вода

Локално

Енергетската транзиција – можност за одржлив развој на општините од Западен Балкан

Локално

Без струја утре делови од општина Карпош

Локално

Делчево се поврзува со Италија: Нови пријателства и можности

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?