Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

„Демократи“ со реакција по фемицидот во Велес: Жените не смеат да живеат во страв

Сподели

Политичката партија Демократи со осуда и длабока загриженост реагираше по двојното убиство во Велес, во кое животите ги загубија Росица и нејзиниот татко. Од партијата велат дека овој трагичен настан е уште едно потсетување на системските пропусти и институционалната негрижа, кои резултираат со тоа жените да остануваат без заштита и поддршка.

„Жените не смеат да живеат во страв – тие мора да имаат загарантирана безбедност и достоинствен живот во општеството,“ се вели во реакцијата.

Демократи го осудуваат секој облик на насилство, а особено семејното, и упатуваат апел за заедничка и решителна акција на институциите и целото општество во заштита и превенција на жените. Партијата нагласува дека фемицидот е најтежок и најсвиреп облик на насилство, кој мора да биде третиран со најголема сериозност и итност.

- Advertisement -

Во таа насока, тие повикуваат на измени на Кривичниот законик со кои сторителите на вакви дела нема да можат да бидат амнестирани, навремено и соодветно постапување на МВР, Центрите за социјална работа, Судството и Обвинителството, отворање нови и зајакнување на постоечките кризни центри, обезбедување 24/7 телефонски линии за помош и поддршка на жртвите, редовна едукација на службените лица и санкционирање за непостапување, како и програми за превенција и едукација во училиштата и локалните заедници.

Дополнително, партијата бара обезбедување долгорочна психосоцијална и правна поддршка за жртвите на насилство.

„Жените мора да имаат загарантирана безбедност и достоинствен живот – тоа е обврска на институциите, но и заедничка одговорност на целото општество,“ порачуваат Демократи.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Јакимовски за мостот кон Злокуќани и Бардовци (ВИДЕО)

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

Заврши санацијата на регионалниот пат кон Пехчево

Променливо облачно со сончеви периоди

Мигрантите пристигнуваат во Македонија -Британија преговара со Македонија за прифаќање на одбиени мигранти

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Каков имот пријавил градоначалникот на Аеродром Дејан Митески?

Локално

Миле Трајковски е новиот претседател на Советот на Општина Крива Паланка

Локално

Карпош: Општината приморана сама да се погрижи за спортска сала „Партизан“

Локално

Ѓорче Петров: Нов Центар за лица со попреченост – Сојуз на локална заедница, Светска Банка и во ,,Мојот Свет ”

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?