Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Хроника

Две лица од Кочани лишени од слобода поради сомнение дека извршиле убиство на нивниот сосед во неговиот дом

07.09.2024 15:40
Сподели

Скопје, 7 септември 2024 (МИА) – ОВР Кочани поднесе кривична пријава против две лица со иницијали Ѓ.Б. и Љ.С. од Кочани, поради основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.

Како што соопштуваат од МВР, лицето Ѓ.Б. вчера пријавило во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов неговиот сосед Д.А. од Кочани, при што од страна на екипа од Итната медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство.

Во службен разговор Љ.С. признал дека претходната вечер заедно со Ѓ.Б. биле во домот на нивниот сосед Д.А. каде настанала расправија, по што со тврди предмети го удирале Д.А.

Банер Банер BrandEcho

– На 06.09.2024 во 7.43 часот Ѓ.Б. пријавил во ОВР Кочани дека во дом во Кочани го пронашол мртов  неговиот сосед Д.А. (54) од Кочани. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт со видливи траги на насилство, а од страна на ОВР Кочани во координација со јавен обвинител од ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување  на случајот. При тоа, во службен разговор Љ.С. признал дека Ѓ.Б. и Љ.С. претходната вечер биле во домот на нивниот сосед Д.А. и консумирале алкохол, по што настанала расправија и го удирале Д.А. со тврди предмети. Ѓ.Б. и Љ.С. се лишени од слобода и со кривична пријава предадени на ОЈО Кочани за понатамошно постапување, стои во соопштението на МВР.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија соопшти дека ОЈО Кочани веќе има издадено наредба за спроведување истражна постапка против двајцата осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

По наредба на јавен обвинител, на телото на починатиот е извршена обдукција, а од лице место се прибрани траги и материјални докази кои се предмет на вештачења.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Кочанскиот суд го прифати предлогот и им определи притвор од по 30 дена.

Од Андреја Ристески/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Јавни набавки
Приказ на реализирани и планирани јавни набавки.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Инцидент во кафуле – полицаец нападнат додека бил на должност!

Скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста

По пријава за семејно насилство, откриено автоматско оружје во Скопје

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија

Зголемување на бројот на умрени од насилна смрт во 2024 година

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Хроника

Трагичен инцидент во „Комунална хигиена“: Работник повреден на работното место

Хроника

Кражба на бронзени бисти од гробиштата во Бутел

Хроника

Трагедија во Карпош: Пронајден мртов 55-годишен скопјанец

Хроника

Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?