Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Религија

Денес е Навечерие на Богојавление – зошто се пости и што значи Водокрст

Сподели

На 18 јануари, денот пред големиот христијански празник Богојавление – Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан, православните верници го одбележуваат Навечерието на Богојавление, познато и како Водокрст или Водопост.

Овој ден е посветен на духовна подготовка и пост, како вовед во празникот на Просветлението, кога, според христијанското учење, се јавува Света Троица – Отецот, Синот и Светиот Дух.

За Навечерието е определен еднодневен пост, чија строгост, како и кај сите пости во Црквата, се определува индивидуално, според силите на верникот и со благослов од духовникот. Постот не се сфаќа само како воздржување од храна, туку пред сè како внатрешно очистување, молитва и смирение.

- Advertisement -

Богослужбите на овој ден по својот поредок наликуваат на навечерието на Рождеството Христово – Бадник. Се служат Царски часови, а потоа Голема вечерна со Василиева Литургија.

По входот со Евангелието и молитвата „Светлино тивка“, се читаат тринаесет паримии – старозаветни читања кои сведочат за Божјото спасително дело. Токму на овој ден, во раната Црква, се вршело крштевање на огласените, верници кои подолго време се подготвувале за Светото Крштение.

По завршувањето на Литургијата, следува Големиот водосвет, по кој верниците се поросуваат со осветената вода и пијат од неа. Според црковното учење, никој не треба да се воздржи од вкусувањето на светата вода, бидејќи преку благодатта на празникот се осветува сета твар и целата природа, а човекот се повикува да учествува во оваа света Тајна.

Во православната традиција е вкоренето верувањето дека на Навечерието и на самиот празник Богојавление, со осветената вода се попрскуваат домовите, при што се пее тропарот на празникот.

Оваа вода се чува и се користи преку целата година – за духовна и телесна крепост, за здравје на здравите, утеха и исцеление на болните, како и како заштита од секое зло, со молитва и вера во Божјата помош.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Радио станици
Слушајте радио станици од Македонија и Светот.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Порака на Вселенскиот Патријарх за почетокот на црковната Нова Година и за Денот за заштита на природната околина

Папата Франциск ја осуди маргинализацијата на болните

Водици – значење и традиции

Кој ќе го замени Франциск? Ова се најверојатните кандидати за папа: Меѓу нив има неколку истакнати кардинали

Прочка – празник за проштавање и очистување од гревовите

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Религија

Вселенската патријаршија со апел до египетската Влада да го зачува статусот кво на Синајскиот манастир Света Катерина

Религија

Петровден и Павловден: Денови на вера, обичаи и жетварска надеж

РелигијаСвет

Папата Франциск упати молитви за погодените од поплавите во Казахстан

Религија

Воскресението како повик: станете нова твар!

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?