Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Десетгодишно дете повредено на ногата поради напад од бездомно куче

30.03.2024 20:52
ФОТО: МВР
Сподели

Тетово, 30 март 2024 (МИА) – Во Тетово десетгодишно дете е повредено од бездомно куче, а неговата мајка на социјалните мрежи објави фотографија од раните на ногата. Инцидентот се случил вчера во 18.30 часот, додека еден час подоцна, случајот е евидентиран и во СВР Тетово.

– На 29.03.2024 во 19.30 часот во СВР Тетово З.И.(45) од Тетово пријавил дека на ул. „Бане Стефановски“ во Тетово неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник, информираше МВР.

Мајката Весна образложи дека детето играло пред детска градинка.

Банер Банер BrandEcho

– Му се пуштиле шест улични кучиња, едно го каснало. Паднал, се влечел и викал помош. Фала на тие што дошле и му помогнале. Пред некој ден кучиња го нападнаа другар му Јаков, пред тоа и другар му Марко, а и уште куп баби, тетки, мајки … Што стана од градов, вели во написот мајката Весна Илиќ.

Револтираната мајка на Фејсбук освен што ја опиша случката, повика Општина Тетово како приоритет да ги има безбедноста и благосостојбата на граѓаните.

Ad image

– Господине Билал Касами и сите останати надлежни Општина Тетово, приоритет треба да ви е безбедноста и благосостојбата на вашите граѓани! Во овој град нè јадат кучиња, дишиме отров, ѓубре на секоја страна, нема зеленило, нема деца кај да си играат, не е безбедно да се движиш … ужас! Во овој град граѓаните не живеат, преживуваат!, -Ќе преземете ли нешто да ни овозможите достоен живот?? Слушам ќе се протестирало за кучето што паднало, а за каснативе деца ќе се протестира?? Јас сакам кучиња, чувам едно дома, но ако се опасни и небезбедни по околина, треба да се реагира, исто како некој опасен човек да шета низ градот – него одма ќе го апсите, ама кучињата имаат посебни права!??? Не не интересира дали немате тендер, дали немате место кај да ги чувате, соберете кучињава одма и дајте да шетаме слободно, без страв … или ние граѓаните ќе сме оставени и принудени да се штитиме како знаеме?!!!, вели мајката.

Во Тетово во мај 2023 година заврши последниот тендер со кој на невладина организација и беше овозможено да ги третира бездомните кучиња. На почетокот на март годинава, градоначалникот Касами се пожали дека има опструкции во подготовка на тендерот. Месецов голем број пријави се бележат во СВР Тетово поради повреди добиени по напади од бездомни кучиња.

Од Александар Самарџиев, Тетово Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Подкасти
Директориум на македонски подкасти.
Забава
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Започнува реконструкцијата на СОУ „Димитрија Чуповски“

Дел од Гази Баба и Карпош денеска без струја поради технички зафати

Пожарникарите во акција за чистење на просторот околу ТППЕ во Делчево

Делови од Илинден и Кисела Вода денеска без електрична енергија

Негорци со фолклор се поклони на Игор Мицев: 4. Меморијален фестивал „Засекогаш со нас“

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Локално

Се обновува возниот парк во ЈП „Комуналец“ Битола

Локално

14-то издание на најубавиот урбан пивски фестивал ПИВОЛЕНД

Локално

Општина Пробиштип со јавен повик за доставување на проекти и програми од граѓански организации и правни субјекти

Локално

„Училишна приказна“ – Градоначалникот Коњановски им посака среќен почеток на првачињата во Битола

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?