Делови од Илинден и Кисела Вода денеска без електрична енергија

Како што соопштува Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, во периодот од 8:25 до 15:30 часот прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците од улиците со број „10“, „513“, „517“, „529“ и „532“, како и објектите на фабриките „Хавеп“ и „Агрома“ во селото Марино, општина Илинден.

Дополнително, од 9:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците на улиците „Томе Арсовски“ и „474“ во општина Кисела Вода.

Од надлежните институции информираат дека снабдувањето со електрична енергија ќе биде воспоставено веднаш по завршувањето на предвидените работни активности.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава