Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Интересно

Детекторите за чад станаа задолжителни во домовите во Брисел

05.01.2025 00:37
Сподели

Брисел, 1 јануари 2025 (МИА) – Од денеска секој дом, односно стан или куќа во Брисел, мора да поседува детектор за чад.

Досега ова правило важеше само за становите или куќите што се издаваа под наем, но со Уредба на Регионалната влада на Брисел, отсега сите домови на територијата на Бриселскиот регион ќе мора да имаа инсталирано вакви уреди.

Согласно одлуката, секој дом мора да биде опремен со најмалку еден детектор за чад, кој треба да биде инсталиран кај влезната врата. Во становите со повеќе соби се бара да биде инсталиран најмалку уште еден детектор и тоа во најоддалечената просторија од влезната врата, на растојание кое со техничка терминологија се нарекува „пат на внатрешна циркулација“. Во повеќекатни куќи на секој кат мора има најмалку по еден детектор за чад.

Банер Банер BrandEcho

Конечно, доколку во една куќа или стан има најмалку четири детектори за чад, тие мора да бидат меѓусебно поврзани или да бидат дел од централизиран систем за детекција. Сопствениците на домови кои веќе имаат најмалку четири детектори за чад што не се меѓусебно поврзани, имаат рок до 1 јануари 2028 година да се усогласат со оваа одредба.

Согласно одлуката детектори не е потребно да се инсталираат во бањи, тоалети, кујни и гаражи, освен во случај ако овие простории имаат двојна функција.

Ad image

Уредбата предвидува дека инсталираните детектори мора да бидат оптички, да имаат вградена батерија што трае десет години и да го исполнуваат европскиот стандард ЕН14604.

Во интерес на целосно и правилно инсталирање и функционирање на детекторите за чад, жителите на Брисел можат да побараат нивниот дом да го посетат советници за заштита од пожари при Бриселската противпожарна служба, кои би извршиле проценка колку уреди би требало да се инсталираат и на кои места.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Цени на горива
Преглед на актуелните цени на горивата и енергенсите како и приказ на историското движење на цените.
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Необичен бизнис: Британец заработува над 25.000 евра годишно собирајќи кучешки измет

Во Кина измерени рекордни над 40 степени

Како да изберете идеално месо: Совети од искусни месари

Австралијците најдолго живеат во англојазичното подрачје

Дали Џакарта е новиот глобален гигант? Токио паѓа на трето место!

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Интересно

Во светот расте бројот на луѓе со богатство над 100 милиони долари

Интересно

Вашингтонската библиотека на Конгресот – најголемата библиотека во светот

Интересно

Нов робот за гаснење пожари

Интересно

Дали сме навистина осамени – или само не знаеме како да бидеме со себе?

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?