Првото бебе во новата 2026 година се роди точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, информираа од оваа здравствена установа. Станува збор за девојче, кое го означи симболичниот почеток на Новата година.
Раѓањето се случило во првите моменти од 1 јануари, точно на полноќ, а мајката и новороденчето се во добра здравствена состојба. Од Клиниката упатија честитки до семејството, посакувајќи им здравје, среќа и благосостојба.
Традиционално, раѓањето на првото бебе во новата година се доживува како симбол на надеж, нов почеток и оптимизам. Нека новата година биде бериќетна за сите. Среќна Нова година!
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:

