Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Локално

Димоски: Карпошани се со години угнетувани – салата „Партизан“ мора да остане на Општина Карпош

Сподели

Сагата околу спортската сала Партизан и натаму продолжува. По вонредната седница на Советот на Општина Карпош, изјавите на Јакимовски и мирниот собир на жителите на Општина Карпош, денеска пред медиумите се обратија и советниците во Општина Карпош.

„Не се работи само за промена на сопствеништво. Последната одлука на Владата претставува континуитет во угнетувачката и дискриминаторската политика насочена кон Општина Карпош и карпошани. Имено, жителите на Општина Карпош се најдисциплинирани во поглед на плаќањето на данокот. И не само што се исполнителни во тој поглед, тие имаат и најголем придонес во централниот буџет по однос на директни и индиректни даноци. Еве како Владата за тоа ги наградува карпошани.“ изјави Димоски.

Тој додаде и дека ова не е прв пат централната влада да води ваква политика спрема Општина Карпош.

„Изминатите години гледавме вистинско изживување врз Општина Карпош. Во континуитет се намалуваа дотациите или се исплаќаат со задоцнување. Од Министерството не се добиваа ниту лиценци за вработувања во градинките што има директно влијание врз квалитетот на процесот и ризик по здравјето како на децата така и на негувателите.“ додаде Димоски.

Според него, спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ или популарно наречена „Партизан“ треба да остане во владение на Општина Карпош и за тоа не треба да има компромис.

„Спортската сала е симбол на Општина Карпош. Генерации и генерации се емоционално поврзани со оваа сала. Изградена уште во 1963 година, како донација од Франција, оваа сала е местото каде нашите родители за прв пат тренирале некој спорт. Во оваа сала се “родија“ безброј талентирани спортисти кои бранејќи ги боите на Македонија постигнаа резултати за почит. Таа е врежана во нивната меморија. Врежана е и во нашата меморија каде како основци и средношколци игравме фудбал, кошарка, пинг-понг… Таа треба да биде врежана и во меморијата на нашите деца и внуци. Со промената на сопствеништвото се ризикува оваа сала да се комерцијализира и да стане недостапна за карпошани токму во онаа форма во која и ја паметат генерациите претходно. Впрочем оваа одлука е во целост спротивна на концептот на децентрализација.“ дополни советникот Димоски.

Тој ги класифицираше како невистини тврдењата на Министерството за спорт според кои салата не е во функција веќе една година.

„Со внимание ги прочитав соопштенијата од Министерството за спорт и изјавите на ресорниот министер. Најпрво мислев дека станува збор за лажна вест. Нивните соопштенија се полни со лаги. Вистината е сосема друга. Спортската сала е ставена во функција уште од пред неколку месеци. Тоа многу добро го знаат учениците кои учествуваа во спортските игри, нивните родители, наставниците, ние, советниците и сите карпошани. Постојат видео записи, бројни фотографии кои ги побиваат лагите брифирани од Министерството за спорт.“ заклучи Димоски

Инаку за оваа сала Советот на Општина Карпош издвои неколку милиони денари со цел нејзино доопременување. Токму Советот на Општина Карпош денеска одржа и прес-конференција на која уште еднаш ја потврди одлуката од вонредната седница, а тоа е дека Советот не се сложува со едностраната одлука на Владата за одземање на спортската сала од владение на Општина Карпош.

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Курсна листа
Преглед на дневна курсна листа на НБРМ.
Финансии
Отвори →
Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Локално

Општина Пробиштип: Програма за одбележување на 8-ми Септември

Локално

Скопската депонија „Дрисла“ во катастрофална состојба: Градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна трансформација

Локално

Вело-бус и маалско дружење за Европската недела на мобилност

Локално

Виничанец фрлил марихуана од такси и проголтал амфетамини за да не биде фатен – доби кривична пријава

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?