Alfa Romeo во февруари 2022 година го претстави долго најавуваниот модел Tonale. Шест месеци подоцна и Dodge го претстави својот најнов кросовер именуван како Hornet.
А разлика помеѓу Tonale и Hornet и нема. Добро, единствената визуелна разлика е предната решетка. Ги има дури и истите мотори, 1,3 литарскиот и 2,0 литарскиот турбо бензински мотор.
Секако, ова и не треба да е толку чудно бидејќи добро познато е и дека Dodge како и Alfa Romeo е дел од семејството Stellantis. Но она што е интересно е што и Alfa Romeo во понудата во САД го има моделот Tonale. Она што е уште почудно е што цената на Tonale е за околу 13 илјади американски долари повисока од онаа на Hornet која пак изнесува 31 илјади долари.