Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Македонија

Доктор Димитров: Осум повредени од пожарот во Кочани примени во „Пирогов“, нивната состојба е тешка

Сподели

Софија, 17 март 2025 (МИА) – Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров, јави БТА.

Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година.

Состојбата на сите пациенти е тешка, со изгореници на телото, горните екстремитети и лицето, како и на горните и долните дишни патишта, што дополнително ја комплицира нивната здравствена состојба. Според д-р Димитров, тројца од пациентите се интубирани, додека за останатите ќе биде направена дополнителна медицинска проценка и терапевтски план.

- Advertisement -

– Ќе биде направено сè што е потребно, болницата располага со сите неопходни ресурси, нагласи тој.  Додаде дека сите пациенти биле донесени во тешка состојба на термички шок, што е сериозна закана за организмот, независно од брзината на лекарската интервенција.

Центрите за снабдување со крв во Софија, Пловдив и Стара Загора одговорија на потребите на болницата за крв, но д-р Димитров упати апел дека крводарувањето не смее да запре и останува постојана потреба.

– Сега претстојат средби со семејствата на пациентите кои беа транспортирани од Кочани, додаде тој.

Шест други повредени лица се примени во Воената болница во Варна и во болницата „Св. Георги“ во Пловдив.

Бугарија презеде обврска да прими 14 лица на лекување.

Од Сања Костовска Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Загина пешак кај кочанското село Тркање

Странските туристи доминираат: над 109 илјади посетители во октомври

Нова скопска драма: 18-годишник тепал, па извадил пиштол пред локал

27-28 септември: Стрит денс викенд во Гевгелија

Партиски реакции за молитвата во Парламентот: Македонија е секуларна држава

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Македонија

Времена измена на режим на сообраќај на патот Прилеп – Битола и во Скопје на дел од автопатот од надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“

Локално

Илинден: Општината започна со изградба на нов урбан парк – плоштад

Хроника

Татко уапсен во Свети Николе по закани кон ќерките

Средношколец од Скопје се заканувал на вработени во училиштето, оштетил инвентар

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?