Загина пешак кај кочанското село Тркање

Штип, 21 септември 2024 (МИА) – Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на региоанлниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање.

Од СВР Штип во изјава за МИА информираат дека собраќајот се пренасочува по експресниот пат и во тек е увид од страна на истражните органи.

Повеќе детали околу несреќата се најавуваат во текот на денешниот ден.

Од Викторија Јованова/МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава