Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Доживотна затворска казна за главниот осомничен за сексуална злоупотреба и принудување на проституција на малолетно девојче во Грција

Сподели

Атина, 1 април 2024 (МИА) – На доживотна затворска казна и 27 години затвор е осуден првоосомничениот во случајот од октомври 2022 година, за сексуална злоупотреба и принудување на проституција на 12-годишно девојче од атинска населба, јави дописничката на МИА од Атина.

Мешовитиот поротен суд во Атина денеска ги соопшти пресудите и казните за сите обвинети, кои во петокот беа прогласени за виновни, а затворска казна добија првоосомничениот, 55-годишниот Илиас Михос и уште едно лице, додека пак останатите 17 обвинети кои имале улога на „клиенти“ и беа прогласени за  виновни за платен сексуален однос, добија условни казни.

Во случајот, осомничена беше и мајката на девојчето за која судот во петокот едногласно пресуди дека е невина за порнографија и за принудување лице на проституција, а е обвинета само за изнуда и се очекува утре да излезе од притвор.

- Advertisement -

Со измените во Кривичниот законик во Грција, за кривично дело сексуална злоупотреба на малолетно лице, можно е изрекување и на доживотна затворска казна, како што беше случај со првообвинетиот Михос, додека пак останатите затворски казни се однесуваат на другите дела меѓу кои: злоупотреба на малолетно лице што нема наполнето 14 години; детска порнографија (поседувал и дистрибуирал материјал); принудување лице на проституција и за недозволено поседување оужје.

Според грчките медиуми, иако станува збор за доживотна затворска казна, сепак во затвор ќе биде 20 години.

Конкретниот случај, откако беше откриен во Грција предизвика шок кај јавност, а како што тогаш објави МИА, сега веќе осудениот Михос го знаел и семејството и девојчето, бидејќи се од иста населба, ја знаел нивната финансиска состојба, нивниот статус и токму тоа го злоупотребил.

Според дел од информациите во грчките медиуми, девојчето наводно повремено помагало во маркетот и добивало џепарлак, со оглед на тоа што потекнува од сиромашно семејство со осум деца и со татко корисник на дрога.

Во периодот од април до август 2022 година, Михос континуирано, со употреба на сила, сексуално го злоупотребувал девојчето и ја терал да му испраќа провокативни фотографии, кои ги објавувал преку различни профили на различни педофилски платформи и сајтови на интернет и во улога на макро барал „клиенти“ за тогаш 12-годишната.

Целиот случај, според она што во октомври 2022 година беше објавено во Грција, бил откриен откако девојчето заедно со нејзиниот брат биле на Лефкада, на одмор кај нивната тетка.

Тетката забележала дека девојчето е постојано со нејзиниот мобилен телефон и разменувала пораки, меѓутоа не добила одговор со кој разговара. Успеала да го земен мобилниот, да ги прочита вулгарните и несоодветни пораки што Михос ѝ ги испраќал на 12-годишната, по што веднаш реагирала.

Пораките ги испратила до мајката на девојчето и побарала од неа веднаш да оди во полиција и да го пријави, во спротивно, тоа ќе го стори лично таа. Иако првично мајката се двоумела, сепак го пријавила, тогаш 53-годишниот, по што полицијата започнала акција.

Од мобилните телефони, како на обвинетиот, така и на девојчето, беа откриени низа контакти на педофили кои биле во комуникација со 12-годишната, со што започнаа и апсењата, а во притвор беа над 20 лица.

Од Сања Ристовска, Грција Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Платен промет
Шифри за платен промет и ознаки на општини.
Финансии
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Вучиќ: Се зголемуваат протестите против блокадите, опозицијата станува нервозна

Радев со прв коментар по средбата со Сиљановска-Давкова: Посетата не беше ниту државна, ниту работна

УНЕСКО препорачува долината на реката Вјоса во Албанија да се прогласи за биосферен резерват

Пратениците во Албанија остваруваат над четири илјади евра месечни примања, половина бонуси

Скандал со ЕУ субвенции во Грција – Откриени 22,6 милиони евра во измама

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Во Србија првомајски заеднички протест на синдикатите и студентите во блокада

Балкан

Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно

Во Тирана Американец ја задавил сопругата и двете кучиња и си пресудил со бесење

Балкан

Вучиќ: Време е за акција, доста е од блокадите во Србија

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?