Пратениците во Албанија остваруваат над четири илјади евра месечни примања, половина бонуси

Тирана, 13 декември 2024 (МИА) – Собранискиот платен список покажува дека албанските пратеници во ноември добиле плата по 4.044, од кои половина на име дневници, гориво, кирии и телефон.
Платите, пратениците пред речиси една година, со одлуката што ја изгласаа, си ги зголемија платите на 2.295 евра од 1.173 евра.

Во меѓувреме, хонорарите, надоместоците за гориво, кириите, телефонските и други надоместоци значително се зголемени, откако во собранието беше изгласан законот за плати и бонуси. На пример, секој пратеник добива по 173 евра за телефон, 408 евра за гориво и по 102 евра за состаноци на комисиите.

Од Вера Тодоровска, Тирана Извор МИА

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава