Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

ДПА: Русија го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Украина од почетокот на војната

Сподели

Киев, 18 мај 2025 (МИА) –  Украина го претрпе најголемиот руски напад со беспилотни летала од почетокот на инвазијата во 2022 година, покажува денешниот рапорт на украинската војска, јави ДПА.

Украинските воздухопловни сили утринава соопштија дека Русија во текот на ноќта лансирала вкупно 273 беспилотни летала. Украинските медиуми денеска наведуваат дека оваа бројка  го надмина претходниот рекорд од 267 лансирани беспилотни летала, што беше регистриран  на 23 февруари.

Во ноќешните напади е убиена една жена во главниот град Киев, а тројца други беа повредени, вклучувајќи и четиригодишно дете, соопштија властите.

- Advertisement -

Регионите Дњепропетровск и Доњецк, исто така, беа цел на нападите во текот на ноќта, пренесува германската агенција.

Украинската војска денеска соопшти дека соборила 88 беспилотни летала, додека други 128 не успеале да стигнат до своите цели. Војската не откри детали за потенцијалната штета или специфичните места на удари, во согласност со вообичаениот протокол.

Овие бројки не можеа да бидат независно потврдени.

Нападот се случи само два дена откако Русија и Украина ги одржаа своите први директни мировни преговори од 2022 година во Истанбул. И покрај тоа што се согласи на размена на затвореници и понатамошни преговори за прекин на огнот, Москва ги отфрли повиците од Украина, САД и европските сојузници за прекин на непријателствата пред да се постигне поширок договор.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека планира в понеделник телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, во обид да ги поттикне разговорите, потсетува ДПА.

Од Сашко Димевски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за регистрација
Калкулатор за регистрација на возило
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Над половина милион патници се очекува да бидат погодени од штрајкот на германските аеродроми

Венецуела и Русија: Стратешки односи за нови предизвици во 2026 година

Најмалку 44 загинати и над 160 повредени при уривање на покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република

Италијанскиот амбасадор во Москва повикан на разговор во МНР поради новинарскиот тим на РАИ во Курск

Пентагон им забрани на трансродовите лица да се приклучат на војската

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Зеленски најави повлекување по завршувањето на конфликтот

Балкан

Милановиќ: Европа е под водство на недораснати лидери

Изборниот штаб на Трамп соопшти дека е хакиран и го обвини Иран

Балкан

Трагедија во Хрватска: Двегодишно девојче почина од опекотини, родителите уапсени

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?