Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Свет

Преговорите за автономијата на Корзика влегуваат во финална фаза

11.03.2024 18:44
Сподели

Париз, 11 март 2024 (МИА) – Во Франција преговорите за автономија на Корзика, која на францускиот медитерански остров му ја вети претседателот Емануел Макрон, влегуваат во завршна фаза.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен вечерва во Париз треба да се сретне со делегација на корзикански политичари за да разговараат за текстот со кој официјално ќе се впише автономијата во Уставот, а целиот процес треба да биде завршен до крајот на март.

Макрон минатата есен преку уставниот амандман најави автономија на Корзиканците. Односите меѓу Корзика и властите во Париз се затегнати подолго време, а корзиканските сепаратисти со децении се борат за поголема независност, често користејќи насилни методи, пренесува ДПА.

Ad image

Во 2014 година, корзиканската герилска организација ФЛНЦ прогласи привремено примирје и го положи оружјето, додека поумерените корзикански националисти стекнаа влијание.

Банер Банер BrandEcho

Сепак, пред две години повторно имаше насилни протести и напади од милитантните сепаратисти.

Сега во регионалниот парламент мнозинството пратеници бараат автономен статус.

Кога и доколку владата на Макрон и претставниците на Корзика се договорат за текстот на уставните измени, тие треба да бидат прифатени од двата дома на францускиот Парламент. Согласноста во Долниот дом е речиси сигурна, но десничарите во Горниот дом, Сенатот, се многу непријателски расположени кон идејата за автономија на Корзика.

Корзика е дел од Франција од приближно средината на 18 век. По Кипар, Сицилија и Сардинија, тој е четврти по големина остров во Медитеранот, со околу 350.000 жители, од кои околу една петтина, покрај официјалниот француски, зборуваат и корзикански, кој има сличности со некои италијански дијалекти.

Од: Пандорка Арсовска-Гацова Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни линкови
Поважни линкови од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја, рече Путин

Зеленски: Украина подготвува уште четири нови безбедносни договори

Бајден се враќа на предизборните активности следната недела

Глад и насилство во Газа – трајни последици врз цивилното население

Сергеј Лавров: Башар ал-Асад не успеа да ги исполни основните потреби на народот

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Свет

Путин прогласува Ден на јазиците на народите на Русија

Свет

Украина ја повика Белорусија да ja повлече војската од границата

Свет

Португалија најави пакет заеми од 10 милијарди евра поради американските царини

Свет

Убиена една од најуспешните германски писателки, Александра Фролих

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?