Полицијата приведе турски државјанин во Скопје поради сомнение за недозволена трговија и нелегални активности.
Акцијата се реализирала на 9 април 2026 година на подрачјето на Центар, каде полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б. (29), кој имал престојувалиште во главниот град.
По претходно издадена судска наредба, извршен бил претрес во домот каде престојувал осомничениот, при што биле пронајдени пет саксии со канабис, одредена количина марихуана, дигитална вага, како и два лаптоп компјутери.
Според првичните информации, токму преку компјутерите осомничениот организирал нелегални онлајн игри на среќа.
За случајот е известен надлежен јавен обвинител, а по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



