Трагедија во Скопје: Млада охриѓанка пронајдена мртва во казино – мистерија ја обвива смртта на 24-годишната девојка

Во хотел во скопската Општина Центар, вчера околу 19:42 часот, била пронајдена мртва 24-годишната Г.Ј. од Охрид. Девојката била затекната во просториите на казиното сместено во објектот, а увид на местото извршил лекар од Итната медицинска помош, кој констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Полицијата информира дека, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на точната причина за смртта. Истрагата е во тек, а надлежните институции работат на расветлување на случајот кој ја потресе јавноста.

▶ Случајно видео

Сподели ја оваа објава