Полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода две жени од Република Грција, осомничени за кражба во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром.
Станува збор за 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., кои според информациите од полицијата, на 14 февруари во временскиот период од 18:15 до 18:35 часот одзеле повеќе козметички производи од продажен објект.
Тие биле приведени следниот ден, на 15 февруари околу 19 часот во Скопје.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
▶ Случајно видео
Пробај ја и оваа алатка:


