Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

ЕК започна истрага против четири порно сајтови поради неефикасна заштита на малолетниците

Сподели

Брисел, 27 мај 2025 (МИА) – Европската комисија денеска соопшти дека започнала истрага против четири порно сајтови – Порнхаб, Стрипчет, Икс-Ен-Икс-Икс и ИксВидеос поради сомнеж за недостиг на ефикасна заштита на малолетниците, посебно во врска со непостоењето на системи за верификација на возраста на корисниците, како што е предвидено со Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА).

– Онлајн просторот треба да биде безбедна средина за децата за да можат да учат и да се поврзуваат. Наш приоритет е да ги заштитиме малолетниците и да им овозможиме безбедно да се движат онлајн, порача извршната потпретседателка за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хена Виркунен по повод почетокот на истрагата.

Според неа, Европската комисија е решена, заедно со координаторите за дигитални услуги во земјите членки на ЕУ, да се справи со секое потенцијално штетно влијание врз младите онлајн корисници.

- Advertisement -

Комисијата подетално ќе испита дали четирите порно онлајн платформи работат во согласност со правилата на ЕУ за гарантирање безбедност и сигурност на малолетниците, имајќи предвид дека постојат сомнежи оти системите за верификација на возраста на овие сајтови не се во согласност со ДСА.

ЕК, исто така, се сомнева дека порно сајтовите не ги почитуваат мерките за проценка на ризикот насочени кон заштита менталната и физичката благосостојба на децата.

– Деталната истрага ќе биде спроведена како прашање на приоритет, соопшти Еврокомисијата.

Покрај истрагата против овие четири сајтови, кои според ДСА имаа статус на „големи онлајн платформи“ бидејќи месечно имаат на 45 милиони корисници од ЕУ, ЕК во координација со земјите членки ќе преземе и мерки за заштита на децата и од помалите порно онлајн страници.

За таа цел, Комисијата најави дека до крајот на следната година ќе изработи универзална алатка за верификација на возраста на корисниците, што ќе мора да ја користат сите онлајн сајтови во ЕУ.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Информативен калкулатор за пресметка на данок на моторни возила
Автомобилизам
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Трамп повторно се заканува на Куба: „Не ми е потребно меѓународно право“

Мистериозна смрт на руски бизнисмен – Откриен без глава

Европол: 270 лица од Дарк-веб, од десет земји, се уапсени во операција „RapTor“

Косовскиот министер за регионален развој Фикрим Дамка уапсен во Призрен

Ужасни загуби на Украина: 3,900 војници уништени за само една недела

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Две експлозии во близина на израелската амбасада во Данска, тројца приведени

Путин: Саудиска Арабија би била добар домаќин за мировни преговори

Свет

„Ќе ги разбиеме забите на империјата!“ – Мадуро со песна и закани

Свет

Сеул реагира на апсењето на 475 работници во САД

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?