Со посета на сајтот се сложувате со нашата Политика на приватност, заштита на податоци и колачиња
Accept
Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Notification Show More
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Reading: Ел Салвадор ќе прифаќа осудени криминалци од САД, без оглед на националноста
Share
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
  • Дијаспора
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
Follow US
Home » Blog » Ел Салвадор ќе прифаќа осудени криминалци од САД, без оглед на националноста
Свет

Ел Салвадор ќе прифаќа осудени криминалци од САД, без оглед на националноста

04.02.2025
Share
SHARE

Сан Салвадор, 4 февруари 2025 (МИА) – Претседателот на Ел Салвадор Наиб Букеле се согласи да прифати осудени криминалци од „која било националност“, вклучувајќи и насилни престапници, од САД, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио.

„[Букеле] се согласи да прифати за депортација секој нелегален имигрант во САД кој е криминалец, без разлика на националноста, без разлика дали е член на банди како MS-13 или Tren de Aragua, и да ги смести во неговите затвори,  рече Рубио по средбата со салвадорскиот лидер.

Рубио додаде дека Букеле исто така „понудил да ги прифати во своите затвори опасните американски криминалци кои се во притвор во САД, вклучувајќи и државјани на САД и легални жители.“

Ad image

– Ниту една држава досега не понудила вакво пријателство, истакна Рубио.

Букеле на платформата Икс објави дека му понудил на САД можност да „аутсорсира дел од својот затворски систем.“

„Подготвени сме да прифатиме само осудени криминалци (вклучително и осудени државјани на САД) во нашиот мега-затвор (CECOT) во замена за надомест“, напиша Букеле. „Надоместот би бил релативно мал за САД, но значаен за нас, што би го направило нашиот затворски систем одржлив.“

Букеле во јуни освои втор мандат како претседател. Неговата успешна, но контроверзна офанзива против криминалните банди кои со децении го тероризираа Ел Салвадор беше клучна за неговата изборна победа. Со падот на стапката на криминал, неговата популарност значително се зголеми.

Активистите, сепак, го критикуваат за масовни апсења и прекршувања на човековите права.

Ел Салвадор, држава со околу шест милиони жители, пред неколку години имаше највисока стапка на убиства во светот. По бруталната акција против бандите, бројот на убиства значително се намали.

Прашањето за миграцијата е клучен дел од посетата на Рубио на Централна Америка. Тој викендов ја посети Панама, а по Ел Салвадор ќе замине за Костарика, Гватемала и Доминиканската Република.

Од Сања Костовска/МИА

You Might Also Like

Најмалку 60 загинати и 145 повредени во терористичкиот напад во Москва

САД/Избори: Поразената Камала Харис ќе се обрати во попладневните часови

Кина најави дека ќе ги брани „националните интереси“ по заканата на Трамп за воведување царина

Песков потврди дека се подготвува средба меѓу Трамп и Путин

Протест на опозицијата во Тирана со блокирање на улици, учесник и Бериша, не изостанаа судири со полицијата

Share This Article
Facebook Twitter Telegram Email Copy Link Print
Share
What do you think?
Love0
Sad0
Happy0
Surprise0
Angry0
Dead0
Wink0

ПОПУЛАРНО

Балкан

Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Викендот во Делчево на еден татко
„Македонецот“ – полски документарен филм посветен за децата-бегалци од Егејска Македонија
Еден ден и јас ќе го фрлам зарот и фереџето

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mkЗабрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Македонија ДенесМакедонија Денес
© 2024 Македонија Денес. Сите права се задржани.
- Advertisement -
Ad image
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?