Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Ердоган: Турција е подготвена за средба на Зеленски и Путин кога ќе бидат подготвени

Сподели

Анкара, 15 мај 2025 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека неговата земја е подготвена да ги угости украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин „кога ќе бидат подготвени за состанок“.

За време на средбата со Зеленски во Анкара, Ердоган ја оцени моменталната ситуација како историска можност за почеток на преговори меѓу Русија и Украина и изрази силна поддршка на Турција за дијалогот, како на техничко ниво, така и на највисоко лидерско ниво.

Тој ја повтори подготвеноста на Турција да биде домаќин на евентуален самит меѓу Путин и Зеленски и нагласи дека Анкара придава големо значење на одржувањето отворени канали за комуникација меѓу Москва и Киев.

- Advertisement -

Руската делегација на преговорите во Истанбул ја предводи помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински.
Средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, која траеше два часа и 45 минути во претседателскиот комплекс и беше затворена за медиумите, заврши во Анкара, јави Анадолија.

На состанокот присуствуваа и турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер, директорот на Националната разузнавачка служба Ибрахим Калин и советникот на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич.

По средбата во Анкара, планирано е заминување на авионот со украинската делегација за Истанбул.

Од Златко Шумковски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку вода треба да пиеш?
Калкулатор за количината на вода што треба да ја конзумираш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Орбан: Западната стратегија насочена кон уништување на Русија не успеа

Руската паравоена група „Вагнер“ повеќе не учествува во борбите во Украина

Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

Северна Кореја: Јапонските нуклеарни амбиции мора да се сопрат!

Ирска во НАТО: Нови предизвици за европската безбедност?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Путин оддаде почит на советските пилоти во Енкориџ

Балкан

Санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија повторно одложени

Чешка ќе купи 44 тенка Leopard 2A8 за модернизација на армијата

Свет

Чешка во нова политичка ера: Бабиш доби шанса за нова влада

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?