Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Ерупција на вулкан во Исланд

Сподели

Рејкјавик, 21 ноември 2024 (МИА) – Вулкан во близина на главниот град на Исланд доцна синоќа еруптираше по десетти пат во последните три години, исфрлајќи големи количества лава и чад, соопшти државната метеоролошка служба.

Додека магмата се акумулирала под земја, властите предупредија на неизбежна вулканска активност на полуостровот Рејкјанес, околу 30 километри југозападно од главниот град Рејкјавик, каде што последната ерупција заврши на 6 септември. Заспани 800 години, геолошките системи во областа беа повторно активирани во 2021 година и оттогаш еруптираа почесто, а последната е шеста досега во 2024 година.

Блискиот рибарски град Гриндавик, дом на речиси 4.000 жители, пред наредбата за евакуација минатиот декември, останува главно напуштен поради повремената закана од течењето лава. Исландските власти подигнаа бариери за да ги пренасочат тековите на стопените карпи подалеку од градот, како и од инфраструктурата како што се блиската електрана и Сината лагуна, бања со хотели и големи природни базени.

- Advertisement -

Научниците предупредија дека Рејкјанес веројатно ќе доживее повторени вулкански експлозии со децении, можеби дури и со векови. Сепак, не се очекува дека ерупциите ќе предизвикаат нарушување што беше забележано кога вулканот Ејафјалајокул еруптираше во 2010 година, ширејќи облаци од пепел низ Европа и приземјувајќи околу 100.000 летови ширум светот.

Исланд, со речиси 400.000 жители, се наоѓа на границата меѓу евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, што го прави сеизмичко жариште со гејзери, извори на топла вода и десетици вулкани.

Од Пандорка Арсовска-Гацова/МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Поважни телефони
Телефонски броеви од државни и јавни институции.
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Куба предупредува: Воената стратегија на САД може да доведе до конфликт во Латинска Америка

Трагедија која ја обележа Австралија: Убиството на Рачел Чајлдс останува неразјаснето

Анкета: За Данците САД се поголема закана од Северна Кореја и Иран

Најмалку четворица мртви во најсилниот земјотрес во Тајван во последните 25 години

Петнаесетгодишно девојче застрела две лица во приватно училиште во САД, а потоа изврши самоубиство

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

СЗО: Поголемиот дел од залихите на медицинска опрема се потрошени во Газа, а основните лекови се во недостиг

Свет

Индија се откажува од руската нафта: Како Трамп влијаеше на оваа одлука?

Свет

Украина заробила повеќе од 900 руски војници за време на операцијата во Курск

Путин: Неопходен е нов светски поредок

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?