Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

ЕУ ќе ја поддржи Војската на Црна Гора со шест милиони евра

Сподели

Брисел, 28 февруари 2025 (МИА) – Советот на ЕУ денеска донесе одлука преку Европскиот мировен механизам да и додели помош на Црна Гора во износ од шест милиони евра, наменети за потребите на црногорските Вооружени сили.

Овие средства ќе бидат искористени за подобрување на националната безбедност, стабилност и отпорност во одбранбениот сектор и за зајакнување на капацитетите на Војската на Црна Гора, меѓу другото и за нејзино учество во операции и мисии во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, како и во други меѓународни коалиции.

– Оваа мерка за помош е конкретен резултат на континуираниот ангажман на ЕУ во областа на безбедноста и одбраната со Црна Гора и со Западниот Балкан во целина. Таа го одразува и целосното усогласување на Црна Гора со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.

- Advertisement -

Денеска одобрената помош предвидува снабдување на Војската на Црна Гора со опрема за екстремно студено време, за хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни одбранбени операции и за пребарување и спасување, како и техничка обука за нејзино користење.

Европскиот мировен механизам е основан во март 2021 година со цел финансирање на активности во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ насочени кон спречување конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност.

Преку Европскиот мировен механизам, ЕУ финансира активности за зајакнување на воените и одбранбените капацитетите на држави кои не се членки на Унијата и на регионални и меѓународни организации.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Непознати лица од мотор во движење во Атина фрлиле чанта со рачни бомби и пиштол

ИНСТАТ: Секој петти албански граѓанин живее на работ на сиромаштија

Грција ја суспендира екстрадицијата на Владимир Плахотњук, молдавскиот олигарх поврзан со „кражбата на векот“

Драматичен одлив на Турци од Црна Гора: Бројот достигна речиси 9000

Трагичен инцидент: Жена осудена за обид за убиство на поранешен партнер

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Вучиќ: Гробот на Тито нема да го преместиме од Куќата на цвеќето

Балкан

Евростат: За 16 години 920 илјади албански државјани за првпат добиле дозволи за престој во друга земја

Балкан

РТС: Амбасадорите на ЕУ согласни да испратат писмо до Србија, како прв чекор кон отворање на Кластерот 3

Балкан

Србија инвестира 1,64 милијарди долари во израелска воена опрема

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?