Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
  • Квиз
Follow US
Балкан

РТС: Амбасадорите на ЕУ согласни да испратат писмо до Србија, како прв чекор кон отворање на Кластерот 3

17.12.2024 08:41
ФОТО: Македонија Денес / makedonijadenes.mk
Сподели

Белград, 17 декември 2024 (МИА)  – Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ постигнаа договор да испратат писмо до Србија за отворање на Кластерот 3, што е прв чекор во таа процедура, јави РТС повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

Таквата одлука е донесена како дел од поширокиот договор за усвојување заклучоци за политиката на проширување, што беше постигнат  синоќа на средбата на амбасадорите, пренесе Бета.

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ синоќа повторно разговараа за писмото на Србија за отворање на Кластерот 3, по четири средби без постигнат договор, а разговараа и за Нацрт-заклучоците на Советот за општи работи на Унијата за проширување. Како што дознава РТС, одлуката за испраќање писмо до Србија формално ќе биде усвоена денеска, на почетокот на состанокот на Советот на министри за општи и европски прашања, на кој проширувањето ќе биде една од главните теми.

Банер Банер BrandEcho

„Амбасадорите усвоија заклучоци за проширувањето. Тоа е голем успех што ќе даде силен поттик за проширувањето кон Западен Балкан и пошироко во годините што доаѓаат“, објави на Х,  Унгарија, актуелен претседавач со ЕУ.

Испраќањето на писмото е првиот чекор во процедурата за отворање на Кластерот 3 и воедно најмногу за што земјите-членки би можеле да се договорат во овој момент. Од Белград се бара да ја достави својата преговарачка позиција за поглавјата што треба да се отворат во Кластерот 3.

Според дипломатските избори, писмото треба да содржи и листа на чекори што Србија треба да ги спроведе во наредниот период, пред се во областа на владеењето на правото, со цел ЕУ да се врати на темата за отворање на Кластерот 3. Според некои најави, ова би можело да биде веќе во јануари или февруари, но во текстот на заклучоците не се наведени рокови, туку напротив се наведува дека ЕУ ќе го преиспита ова прашање „врз основа на значителниот напредок на Србија, пред се во клучните области на владеење на правото и нормализација на односите со „Приштина“, пренесе Бета.

Пред самитот на лидерите ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 18 декември, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта за РТС изјави дека Србија наскоро би можела да постигне напредок во преговорите, со оглед на некои позитивни оценки на Европската комисија.

Од Златко Шумковски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за тоа колку време губиш во сообраќај
Колку време губиш во сообраќај?
Останато
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Во Црна Гора, БИХ и делови од Хрватска црвено предупредување за топлотен бран

Силно зајакнување на економската соработка помеѓу Република Српска и Србија

Русија тврди дека ЕУ планира немири во Србија

Српското МВР ги дискриминира тетовираните полицајци

Словенија на црната листа на Revolut: Што стои зад оваа одлука?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Хрватска инвестира 284.000 евра во развој на аеродромот во Мостар

Балкан

Бугарите на улиците: Протести против буџетот за 2026 година

Балкан

Камионџиите од Србија и БиХ најавуваат блокада на хрватските граници: “Ситуацијата е критична!”

Балкан

Хрватска на врвот на инфлацијата во еврозоната

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?