Во блиска иднина, Европската комисија ќе објави нови правила кои ќе регулираат емисиите на CO2 во автомобилите. Клучниот датум е 10. декември. Според информации од добро упатени извори, забраната за продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување во земјите на Европската унија би можела да биде укината до 2035. година. Тоа значи дека бензинците (хибриди и plug-in хибриди) и дизелашите би можеле да опстанат. Сепак, ќе бидат поставени некои услови.
За намерата на Европската комисија пишуваат Handelsblatt и Bild. Приватните купци или физички лица ќе можат да продолжат да купуваат возила со мотори со внатрешно согорување, но компаниите ќе бидат принудени да преминат на електрични автомобили. Handelsblatt известува дека Европската комисија би можела да наложи на компаниите до 2027. година 50% од нивната флота да биде електрична.
До 2030. година, уделот би требало да достигне до 90%. Во моментов, службените автомобили сочинуваат 60% од продажбата на автомобили. Во контекст на компаниите, ќе се разговара и за plug-in хибридите.


