Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Бизнис и Економија

ЕУ во февруари со трговски суфицит од 23 милијарди евра

ФОТО: infobrics.org
Сподели

Брисел, 24 април 2025 (МИА) – Европската Унија во февруари годинава оствари 23,0 милијарди евра суфицит во трговската размена на стоки со остатокот на светот, што претставува зголемување за 5,5 отсто во споредба со истиот месец лани, кога трговскиот суфицит изнесуваше 21,8 милијарди евра. Во јануари 2025 година ЕУ имаше трговски дефицит од 5,6 милијарди евра.

Како што соопшти Европската статистичка служба – Евростат, во вториот месец од 2025 година ЕУ извезла стоки во вредност од 225,4 милијарди евра, што претставува годишен раст од 7,0 отсто од остварените 210,6 милијарди евра во февруари 2024 година.

Од друга страна, во ЕУ се увезени стоки во износ од 202,4 милијарди евра, што е зголемување за 7,2 проценти во споредба со февруари 2024 година, кога увозот изнесуваше 188,8 милијарди евра.

- Advertisement -

Трговската размена меѓу земјите членки на ЕУ во јануари и февруари 2025 изнесувала 671,8 милијарди евра, што е речиси непроменета сума во споредба со истиот период лани.

Најголем суфицит во трговијата со стоки во февруари годинава, ЕУ имала со САД од 23,6 милијарди евра, по што следуваат Велика Британија со 15,4 милијарди, Швајцарија од 8,4 милијарди, Турција од 1,6 милијарди и Јапонија од 1,0 милијарди евра. Најголем трговски дефицит, пак, ЕУ има со Кина од 26,1 милијарди евра, пред Норвешка од 3,2 милијарди, Индија од 1,7 милијарди и Јужна Кореја од 1,1 милијарди евра.

Кога станува збор само за Еврозоната, таа во февруари годинава оствари суфицит од 24 милијарди евра во трговијата со стоки со земји кои не се членки на ЕУ, што претставува раст за 10,6 отсто во споредба со вишокот на трговска размена од 21,7 милијарди евра во истиот лански месец. Во јануари 2025 година Еврозоната оствари трговски суфицит од 800 милиони евра.

Извозот на стоки од Еврозоната кон остатокот од светот во февруари 2025 година изнесувал 248,7 милијарди евра, што претставува раст од 6,2 отсто во споредба со 234,2 милијарди евра од ланскиот февруари.

Увозот, пак, во Еврозоната достигнал 224,7 милијарди евра, односно е зголемен за 5,7 проценти во споредба со февруари 2024 година, кога изнесуваше 212,5 милијарди евра.

Трговската размена меѓу земјите од Еврозоната во јануари и февруари 2025 година изнесуваше 429,1 милијарди евра, што е зголемување од 0,2 отсто во споредба со истиот период лани.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку ти е здрав работниот ден?
Колку ти е здрав работниот ден?
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Финска кажува „не“ на странските инвеститори: Како тоа влијае на пазарот на недвижности?

ММФ ја зголеми прогнозата за економскиот раст на Турција

Руските милијардери забележуваат рекорден пораст на богатството

Рособоронекспорт со рекорден портфолио на извозни нарачки над 60 милијарди долари

Amazon вложува 35 милијарди долари во Индија: Стратешки потег за иднината

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

НБРМ: Просечната каматна стапка во јуни кај вкупните депозити 1,88 отсто, а кај вкпуните кредити 5,47 отсто

Бизнис и Економија

Pfizer предвидува пад на добивката до 2026 година

Бизнис и Економија

Најбогатите еден процент Американци станаа уште побогати за два трилиони долари

Бизнис и Економија

Мадагаскар би можел да изгуби околу 60.000 работни места во текстилната индустрија поради царините на Трамп

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?