Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Бизнис и Економија

НБРМ: Просечната каматна стапка во јуни кај вкупните депозити 1,88 отсто, а кај вкпуните кредити 5,47 отсто

Сподели

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) – Народната банка денеска ги објави позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците за јуни 2024 година.

Како што се наведува во соопштението од НБ, годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,48 п.п., при што во јуни таа изнесува 1,88 отсто.

Во јуни 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,47 отсто и забележа месечен пад од 0,02 п.п., при годишно зголемување од 0,35 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити е зголемена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,48 п.п., соодветно и изнесува 1,88 отсто.

- Advertisement -

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во јуни, изнесува 5,08 отсто и забележа месечно и годишно намалување од 0,11 п.п. и 0,18 п.п., соодветно.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити е повисока за 0,16 п.п. на месечно ниво и изнесува 2,52 отсто, при годишен пад од 0,18 п.п.  Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен раст од 0,35 п.п. и изнесува 5,47 отсто.

- Advertisement -
Банер

Кај каматни стапки на корпоративниот сектор се наведува дека во јуни 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, изнесува 5,26 отсто и на месечна основа е намалена за 0,05 п.п. Притоа, надолната промена се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п., соодветно). На годишна основа, оваа каматна стапка е зголемена за 0,40 п.п.

Овој месец, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,21 п.п. на месечно ниво и изнесува 4,95 отсто. Анализирано по валута, месечниот пад е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,99 п.п. и 0,25 п.п., соодветно), во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,95 п.п.). Анализирано на
годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,31 п.п.

Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,04 п.п. во споредба со претходниот месец и изнесува 2,25 отсто. Нагорната промена во целост се должи на растот на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,11 п.п.), додека каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула се непроменети. Анализирано на годишна основа,
каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор бележи раст од 0,26 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, овој месец изнесува 2,39 отсто и бележи месечен раст од 0,01 п.п. Притоа, промената во целост е резултат на растот на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,15 п.п.). Во јуни, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени депозити со валутна клаузула, додека каматните стапки на денарските депозити без
валутна клаузула забележаа пад (за 0,11 п.п.). Во споредба со јуни претходната година, оваа каматна стапка е зголемена за 0,28 п.п.

Во однос на каматни стапки на домаќинствата, се посочува дека во јуни, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,66 отсто и бележи месечен раст од 0,01 п.п. Притоа, растот произлегува од зголемените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,02 п.п.), во услови кога каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула се непроменети, а каматните стапки на кредитите во странска валута бележат пад (за 0,01 п.п.). Годишниот раст на каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 0,31 п.п.

Овој месец, како што стои во соопштението на НБ, кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е забележан месечен раст од 0,03 п.п. и изнесува 5,29 отсто. Промената во целост се должи на растот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,09 п.п.), додека кај каматните стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити со валутна клаузула е забележан пад (за 0,21 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). На годишно ниво, оваа каматна стапка е повисока за 0,02 п.п.

Во јуни 2024 година, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, изнесува 1,84 отсто и бележи месечно зголемување од 0,03 п.п. Анализирано по валута, промената произлегува од растот на каматните стапки на депозитите во странска валута и денарските депозити без валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), во услови на пад на каматните стапки на денарските депозити со валутна
клаузула (за 0,06 п.п.). Годишниот раст на каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 0,50 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, пак, овој месец, е зголемена за 0,19 п.п. и изнесува 2,55 отсто. Притоа, растот се должи на повисоките каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,25 п.п. и 0,14 п.п., соодветно). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со
валутна клаузула. Во споредба со јуни претходната година, оваа каматна стапка е намалена за 0,32 п.п., наведуваат од Народната банка. 

Од Виолета Геров Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното

UBS планира драстично намалување на работната сила до 2027 година

Еврозоната во ноември забележа суфицит од 16,4 милијарди евра во стоковната размена

„Катар ервејс“ купува 160 авиони од „Боинг“ за 200 милијарди долари

ММФ: Азиските економии водечки во глобалниот економски раст

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Бизнис и Економија

Новиот руски авион Tu-214 доби зелено светло за масовна продукција

Бизнис и Економија

Кина продолжува да ја зајакнува енергетската соработка со Русија

Бизнис и Економија

Кина: Новиот глобален финансиски гигант

Бизнис и Економија

Пазарот на труд во 2025: Градежништвото и елементарните занимања водат по побарувачка за работници

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?