Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

ЕУ воведе санкции кон три исламистички групи поради сексуално и родово базирано насилство

13.04.2024 07:55
Сподели

Брисел, 13 април 2024 (МИА) – На својата Глобална листа на санкции за кршење на човековите прави, ЕУ додаде три групи одговорни за сексуално и родово базирано насилство за време на бруталните и неселективни терористички напади врз Израел на 7 октомври 2023 година, соопшти Европскиот совет.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за Бригадите „Ерусалим“ (Ал-Кудс), вооружено крило на терористичката група Палестински исламски џихад (ЈИФ), за Бригадите на маченикот Изедин ал-Касам (КИК), воено крила на терористичката организација Хамас и за нејзината единица за специјални намени Елитни сили (Нукба).

Со ова на листата на санкционирани согласно Глобалниот режим на ЕУ за рестриктивните мерки за кршење на човековите права се наоѓаат 104 физички и правни лица и 26 субјекти од повеќе земји.

Банер Банер BrandEcho

На санкционираните им е замрзнат имотот, а на поединци и ентитети им е забрането директно или индиректно да ги снабдуваат со средства или економски ресурси. Дополнително, на физичките лица им е забрането за патување во ЕУ.

Во заклучоците од Самитот на ЕУ на 21 и 22 минатиот месец, Европскиот совет ја повтори „најсилната можна осуда на бруталните и неселективни терористички напади“ на Хамас врз Израел од 7 октомври 2023 година, признавајќи го правото на Израел да се брани во согласност со меѓународното право и меѓународното хуманитарно право и одново повика на итно ослободување на сите заложници без никакви предуслови. Советот на ЕУ нагласи и дека постои сериозна загриженост за безбедноста и состојбата на заложниците и побара Хамас и другите вооружени групи веднаш да овозможат хуманитарен пристап да сите преостанати киднапирани лица. Лидерите на ЕУ, исто така, повикаа и за усвојување на дополнителни рестриктивни мерки против Хамас.

Ad image

ЕУ го воспостави својот Глобален режим на санкции за кршење на човековите права на 7 декември 2020 година. Врз основа на него се воведени санкции поради геноцид, злосторства против човештвото и други сериозни прекршувања или злоупотреби на човековите права, како тортура, ропство, вонсудски убиства и произволни апсења или притворања.

Глобалниот режим претставува инструмент преку кој Унијата ја манифестира решеноста да ја зајакне својата улога во справувањето со сериозните кршења и злоупотреби на човековите права ширум светот.

– Ефективното уживање на човековите права за сите е стратешка цел на Унијата. Почитувањето на човечкото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и човековите права е основна вредност на Унијата и на нејзината заедничка надворешна и безбедносна политика, нагласува Европскиот совет.

Советот лани на 4 декември 2023 ја продолжи важноста на Глобалниот режим на ЕУ за санкции поради кршење на човековите права до 8 декември 2026 година.

Од Сашко Панајотов Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за недостаток на сон
Пресметајте за тоа колку сон ви недостасува.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Австриска лекарка под истрага откако дозволила ќерка и да учествува во операција

Московската агенција за атомска енергија предупредува на влошување на ситуацијата во Курск

Захарова остро одговори на полските обвиненија за напад

Можеби веќе 2028. година: Црна Гора на патот кон ЕУ

Значителен пад на нелегалните миграции во ЕУ: Што следи?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Тројца навивачи на Англија добија отказ на работа поради нивното заминување на финалето на ЕП 2024

Свет

Гутереш го повика Израел да ги отстрани сите пречки за испорака на помош во Газа

ЕК најави мерки против Унгарија поради нацрт-законот за невладините организации

Свет

Во Холандија убиено 14-годишно момче, повеќе од 200 уапсени

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?