Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Свет

Европа значително го зголеми увозот на оружје во изминатите четири години

Сподели

Стокхолм, 10 март 2025 (МИА) –  Европскиот увоз на оружје се зголеми за 155 отсто помеѓу 2020 и 2024 година, при што Украина стана најголемиот увозник на оружје по руската агресија во 2022 година, покажуваат податоците на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ) објавени денеска. Податоците на СИПРИ, исто така, укажуваат на континуирана доминација на САД на глобалниот пазар – американските компании го зголемија својот удел во извозот на оружје од 35 проценти во периодот 2015-2019 година на 43 проценти во периодот 2020-2024 година.

Кога станува збор за увоз, 28 отсто од оружјето во периодот 2020-2024 година отишло во Европа, додека во претходниот период, од 2015 до 2019 година, Европа учествувала во увозот со само 11 отсто.

Конкретно за држави –  8,8 отсто од оружјето било увезено во Украина помеѓу 2020 и 2024 година, а половина од тој процент доаѓа од САД, пред американскиот претседател Доналд Трамп да ја прекине испораката на оружје за Киев.

- Advertisement -

Руската инвазија на Украина резултираше со најголемиот конфликт меѓу Западот и Русија од Кубанската ракетна криза во 1962 година. САД обезбедија повеќе од половина од увозот на оружје во Европа во четиригодишниот период од 2020 до 2024 година, а првите три купувачи беа Велика Британија, Холандија и Норвешка.

Европските лидери минатиот четврток го поддржаа планот за зголемување на трошоците за одбрана, што следеше по пресвртот во надворешната политика на САД на почетокот на вториот мандат на претседателот Трамп.

- Advertisement -
Банер

„Со се повоинствената Русија и трансатлантските односи под прашање, европските членки на НАТО презедоа чекори за да ја намалат нивната зависност од увоз на оружје и да ја зајакнат европската индустрија за оружје“, рече Питер Веземан, виш истражувач во СИПРИ.

„Сепак, трансатлантските врски во набавката на оружје имаат длабоки корени. Увозот од САД се зголемува, а европските членки на НАТО нарачале околу 500 борбени авиони и многу други оружја“.

Рускиот извоз на оружје се намали на 7,8 отсто од глобалниот пазар меѓу 2020 и 2024 година, речиси три пати помалку од 21 отсто во претходниот четиригодишен период. Тоа е резултат на меѓународните санкции поради војната во Украина и зголемената домашна побарувачка за оружје.

Увозот на Азија и Океанија е намален за 21 процент, најмногу поради тоа што Кина сега произведува многу повеќе свои оружја.

Од Златко Шумковски Извор МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Конвертор латиница <-> кирилица
Алатка за конвертирање на текст од латиница во кирилица и обратно
Образование
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Построги казни во Грција за сообраќајни прекршоци

Во Србија почнуваат консултациите за формирање нова влада

Албанија уништи над 60 тони мандарини, вратени од земји членки на ЕУ, поради високо ниво на пестициди

Премиерот на Гренланд, Егеде му порача на Трамп: Гренланд не е на продажба

ОН: Раселени се околу 90 отсто од жителите на Појасот Газа

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Свет

Клара Добрев: Унгарија никогаш не била поблиску до излез од ЕУ

Свет

Педро Алмодовар бара прекин на односите со Израел

Свет

ФБИ пронајде нови документи за атентатот на Кенеди по наредбата на Трамп за нивно објавување

Во германските безбедносни органи 364 вработени се сомничат за десничарски екстремизам

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?