Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

Европскиот совет одобри старт на преговорите за членство со БиХ

Сподели

Брисел, 21 март 2024 (МИА) – Лидерите на ЕУ вечерва на Самитот на Унијата во Брисел постигнаа договор да одобрат почеток на преговорите за членство со Босна и Херцеговина, дознава МИА од дипломатски извори.

Одлуката е донесена врз основа на писмениот извештај на Европската комисија во кој се препорачува отпочнување на пристапните преговори со БиХ.

Пред почетокот на Самитот, повеќето европски лидери изразија поддршка на препорака на Еврокомисијата за старт на преговорите.

- Advertisement -

Од друга страна, холандскиот премиер Марк Руте изјави дека Холандија ќе го поддржи предлогот за почеток на преговорите, но дека пред да се усогласи преговарачката рамка земјата мора да ги спроведе сите неопходни услови наведени во Извештајот на ЕК.

– Босна и Херцеговина постигна напредок за да го поддржиме отворањето на преговорите, но Европската комисија беше многу јасна дека БиХ мора да направи уште многу за да ги почне самите преговори согласно договорена преговарачка рамка, додаде Руте.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји минатата недела во интервју за Европската новинска мрежа (ЕНР), чиј дел е и МИА, изјави дека Европската комисија предложила Советот на ЕУ да донесе одлука за отпочнување на пристапните преговори со Босна Херцеговина и изрази надеж дека лидерите на Унијата ќе донесат позитивно решение на денешниот Самит.  – Сметаме дека условите се исполнети. Предлогот се заснова на барањето на Европскиот совет од декември минатата година дека Комисијата треба да оцени дали е постигнато потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство. Сметаме дека тоа е постигнато. Тие (БиХ) многу сериозно ја сфатија задачата да испорачаат во владеењето на правото, област која е најважна за нашите земји членки. Развојот на настаните е многу охрабрувачки и се надевам дека ќе продолжат да работат. Тие продолжуваат да туркаат и се надевам дека Европскиот совет ќе одлучи да ги започне пристапните преговори како што го предложивме, изјави Вархеји.

Од: Сашко Панајотов Извор: МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Калкулатор за стареење
Калкулатор кој прикажува колку брзо старееш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Црна Гора на прав пат кон ЕУ: Како успеа да постигне најголем напредок?

ЕУ одобри финансиска поддршка за Црна Гора во рамките на реформите

Милионски казни за супермаркетите во Грција – државата без компромис со профитерите

На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја

Словенија на црната листа на Revolut: Што стои зад оваа одлука?

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран
Викендот во Делчево на еден татко

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Не само во Македонија, цените на становите и во Црна Гора достигнуваат нови рекорди

Балкан

Состанок на претставници на студентите во блокада и челниците на Универзитетот во Белград

Балкан

Вучиќ: Гробот на Тито нема да го преместиме од Куќата на цвеќето

Балкан

Во Приштина откриена лабораторија за фалсификување документи, запленети илјадници исправи од над 50 земји

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?