Македонија ДенесМакедонија ДенесМакедонија Денес
Font ResizerAa
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Font ResizerAa
Македонија ДенесМакедонија Денес
Пребарувај
  • Вести
    • Македонија
    • Локално
    • Балкан
    • Свет
    • Бизнис и Економија
    • Хроника
    • Спорт
    • Дијаспора и МНМ
  • Македониум
  • Библиотека
  • Архива
  • Магазин
    • Репортажа
    • Интересно
    • Патување
    • Забава
    • Кујна
    • Култура и наука
    • Музика и филм
    • Здравје
    • Религија
    • Стил и Љубов
    • Showbiz
    • Автомобилизам
    • Технологија
    • Кариера и развој
  • Алатки
Follow US
Балкан

На Санторини смирена ситуацијата со земјотресите, Мицотакис порачува дека Грција е безбедна земја

20.02.2025 18:35
Фото: МакедонијаДенес
Сподели

Атина, 20 февруари 2025 (МИА) – Најверојатното сценарио за сеизмичката активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, според претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас е постепена деескалација на појавата, додека во изминатите два дена не беше регистриран поголем земјотрес, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис порача дека Грција е безбедна земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу двата острови, односно од 26 јануари заклучно со 17 февруари, биле регистрирани над 21.500 земјотреси.

Координаторот на комитетот и претседател на ОАСП, професорот Лекас ги презентирал можните сценарија за земјотресите, од кои најверојатното е деескалација на појавата, додека пак второто сценарио е земјотрес од 6 степени или малку посилен, а во овој случај „постои четири отсто веројатност да се урнат 200-300 згради на Санторини“.

Банер Банер BrandEcho

Во однос на вулканска активност, професорот објаснил дека „во блиска иднина не се очекува вулканска ерупција“, подводниот вулкан Колумбос „не се очекува да еруптира во следните 10 илјади години“, а дискусиите за нов вулкан што може да се појави „се однесуваат на нешто што би можело да се случи за 200 илјади години“.

Дополнително посочил дека се регистрирани геолошки промени, односно преместување на тлото, при што северниот дел од островот е поместен за осум, а јужниот дел за четири сантиметри.

Грчкиот премиер во интервјуто за „Блумберг“ денеска се осврна и на ситуацијата на островот, објасни дека во последните денови има намалување на сеизмичката активноста, „што е охрабрувачки“.

– Секако, секогаш ги слушаме научниците и треба да бидеме подготвени за сите евентуални можности. Сепак, Грција е безбедна земја и ова е порака што сакам да ја испратам. Никој не може да ја предвиди иднината, но ние сме воздржани оптимисти за она што се случува на Санторини. И ако работите се одвиваат како што треба, се надеваме на тоа, релативно брзо ќе се вратиме во нормална состојба, посочи Мицотакис.

Од Сања Ристовска, Грција /МИА

▶ Случајно видео

Пробај ја и оваа алатка:
Колку вода треба да пиеш?
Калкулатор за количината на вода што треба да ја конзумираш.
Здравје
Отвори →

Може ќе ви се допадне

Србија не може да забрани патување во Хрватска

Словенија се подготвува за референдум за зголемување на одбранбените трошоци – поделби во коалицијата и поширока дебата за улогата во НАТО

Турција го блокираше пристапот до Инстаграм

Актерските ансамбли во Србија од понеделник во седумдневен штрајк, целосно се солидарни со студентите

Не само во Македонија, цените на становите и во Црна Гора достигнуваат нови рекорди

Сподели ја оваа објава
Facebook Twitter Copy Link Print
Сподели
Decoration House Natasa

ПОПУЛАРНО

Македонија

(ВИДЕО) Скандал во Скопје – Се соблече гола и шеташе по булевар

Невработени? Можеби имате право на паричен надоместок – многумина не знаат!
Бора Чорба и Игор Џамбазов ја пеат „Погледај свој дом анџеле“ (ВИДЕО)
Градоначалникот на Росоман: Кривичната пријава е резултат на политички притисок
Охридско Езеро од албанска страна порибено со два милиони подмладок на пастрмка-коран

Можеби ќе ве интересира

Балкан

Истанбул го има најпрометниот аеродром во светот

Балкан

Косово воведе забрана на хидџаб во училиштата

Балкан

Каде исчезнаа работници? Црна Гора се соочува со криза на работна сила

Балкан

Снегот ја блокираше Босна и Херцеговина

КОНТАКТ

contact@makedonijadenes.mk Забрането е секое копирање на содржини од веб-сајтот makedonijadenes.mk . Копирањето и репродуцирањето е дозволено само со писмена дозвола од МакедонијаДенес.
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност и заштита на податоци
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?